Еве м и мене пак на форумов!
Од кога беше неактивен форумов купив бас гитара и комбо засилувач на старо.
Прво малку за засилувачот: изведен со 100VA трафо на 20VAC излез. 3 звучници ~6 инчи сите паралелно и 3 транзистори 2SD130, па претпоставувам дека се работи за А-класа. Моделов е од '69-71 година. Има (барем за мене) невообичаен SPDT прекинувач именуван Ground. Во засилувачов не се користи 3та жица, кабелот е со 2 жици. Со него се одбира нула, не знам како да објаснам со текст. Се одбира која жица од напојувачките 220V преку кондензатор 22nF 630V ќе биде поврзана на шасија. Според мене ова е направено за места каде што нема заземјување, со овој прекинувач да се одбере која е нулата и да се искористи како заземјување во самиот засилувач. Пробав да го претставам ова подолу
220V------осиг.------о----------------------Кон трафо
\-----| |----Шасија
220V-------------------o--------------------Кон трафоСега, јас си свирам нормално и слушам експлозија проследена со чад. Имало уште еден кондензатор тука(C2), со исти вредносто, но поврзан на напојувачките 220V веднаш по осигурувачот, кој сега е разлетан на парчиња.
220V---осиг.-------┬----o--------------------------Кон трафо
| \
C2 --┴-- \
--┬-- \-----| |----Шасија
| \
220V---------------┴----------o--------------------Кон трафоГо заменив со Wima MKS 15nF 1500VDC но не дава знаци на живот. Некој да не има идеја што може да биде проблемот? Што можеше да предизвика таква нагла експлозија на тој кондензатор и дали тоа му наштетило на трансформаторот или некои други компоненти после него? Стварно немам идеја. Го постирам ова овде за да побарам совет, што ме советувате да направам?