Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: bumbar on 29.11.2018, Thursday, 21:13:38
-
..Не сум сигурен дали е за овде оваа порака, но потребен ми е мајстор за промена на ластици во касет дек Тechnics RS - M 253 X...
Ako знаете некој кој може, пишете ми овдека или во пораки...декот има сентиментална вредност...Не знам дали јас може да извршам промена иако видов во Логинг такви што чинат 130 денари...
Бев во Видео - Дата и ми рекоа дека тоа е надмината технологија и оттогаш како да ми недостасува некој дел во телото...
Благодарен....
П.С. На фејсбук гледам еден тип кој преправа касет декови во т.н. Tapeless.. вградува мобилен телефон во местото за касета, и тоа „свири“ и работи и ву-метрите. Некако ми е досетливо, со доза на фантазија...Но, касета си е касета...
-
Па биди пажлив и обиди се да замениш... Инаку обиди се кај
https://m.facebook.com/servis.daniel86
додуша е и член ама одамна не сум го видел, верувам дека ќе ти заврши работа
-
..Фала Бицикле...Му пратив порака на ФБ.....јас ќе се обидам сам ако не прифати во текот на викендот....штрафче по штрафче..низ фото овдека на форумот....
-
П.С. На фејсбук гледам еден тип кој преправа касет декови во т.н. Tapeless.. вградува мобилен телефон во местото за касета, и тоа „свири“ и работи и ву-метрите. Некако ми е досетливо, со доза на фантазија...Но, касета си е касета...
Имам слично нешто направено во една тема на форумов ;).
http://elektronika.mk/index.php?topic=13188.0
Прилично детално објаснето е, може да се примени на скоро било кој касетен аудио уред ;).