На еден странски форум најдов добра идеја за продолжување на векот на светилките со жарно влакно за да работат со години, можда и со децении. Светилките се поврзуваат преку диоди, обратно поларизирани, како на сликата, за време на едната полупериода свети едната светилка, за време на другата полупериода свети другата светилка, при што светилките цело време работат со половина моќност, а бидејќи се две не се приметува треперење. Едина мана на ова шема е што светилките мора да се парен број – 2, 4 итн... инаку ќе се јави треперење, што и не е така страшно ако се користат за некое помошно ветло – ходник, гаража и сл.