Ама ти не си од тие а ни ја
Јас не реков дека ги разбирам
... само реков дека постојат и такви
.
Секое задоволство си има некоја цена
Така си е
. Секој си знае за себе, јас за мене
.
Аналогна тв беше и сеуште е лоша технологија за гледајње на тв, но бидејки немаше што друго мораше тоа, сега кога има многу подобра технологија зошто би се враќале на стари проблеми и стресови, макар само за еден канал или само за 15 мин во неделата.
За лоша, не би рекол лоша... има доста маани, но една ГОООЛЕМА предност - континуитет на слика и тон, дури и при лош прием на сигнал. Од овој аспект, не може да се мери со дигиталната. Колку и да е лоша и со снег сликата и шуми, пак нешто се гледа. Иди види нешто при лош прием на дигитален сигнал, се е сец -- сец -- сец и коцкици (пикселизација).
Ништо од тоа не се добива со аналогната телевизија, се добиваат стресови нервози главоболки , мрдни ја антената малку лево да гледам фудбал, мрдни ја малку десно да се слуша подобро, дува ветер лошо, врне дожд лошо, сончево време лошо, итн итн итн.
За времето на аналогната тв кафеаните беа многу по популарни, можеби за да се релаксираат лугето после стресовите од пробување да гледаат тв
Стресови... ај сеа да не ја правиме голема работата
.
Да, не беше пријатно, но далеку од тоа дека би рекол дека беше стресно
.
Во секој случај, можно е работите да се
идеални (или блиску до идеални) во странство, но не и кај нас. Кај нас, имаше и сеуште има проблеми со приемот на определени места, особено руралните подрачја, а овој проблем само се потенцираше со телевизијата бидејќи се користи истиот систем (базни станици) како и за мобилната телефонија. Никој не се нервира премногу ако Маре не се чуе ко што треба со Стојна за денешните „трач рубрика“ муабети, ама ако снема сигнал на омилената Турска серија, знаат да летаат и чаши и чинии
.
Споменици најчесто се прават за да се овековечи некој/нешто и му се оддаде некаква почит, и да не се заборави. Кој би сакал да ја овековечи аналогна тв, да пушти еден канал како за спомен, најголемиот дел од луѓето сакаат да ја заборават.
Не би рекол дека сакаат да ја заборават. Најискрено, доста луѓе гледаат носталгично на неа... исто како и на Југославија и на многу други работи. Муабетот ми е, да се помни по добро
... а сме имале доста добри моменти поминати со неа
... како на пример, крадење на аналоген сигнал од кабелските оператори
.
Како што кажа GigaWatt кој сака може да покрене некоја иницијатива, некоја петиција за владата да одобри финансии за аналогна тв. Доколку некој има доволно пари може да си отвори приватна аналогна ТВ станица.
Мислам дека не можеш... т.е. можеш, ама не смее да оди во етер, смее само преку кабелска да оди. Така оди 24 Вести кај нас, само преку кабелска е достапна како аналогна, не оди во етер, не можеш да ја фатиш со DVB-T приемник. Мада и како дигитална е достапна само преку кабелска
.
Слушање на ЛП-ки, појачала со лампи или јавање којни се индивидиуални работи, ако сака некој ке си купи/плати и ќе ужива.
Така е, факт, нема збор. Апсолутно се сложувам
.
Каде имаше по живи и по реални бои, аналогна или дигитална ТВ? Или поинаку речено, каде боите наликуваат на вештачки како од цртан филм?
Каде има а каде нема пикселизација при движења особено на фудбалски натпревар или прикажување на море или езеро како се бранува?
Тоа веќе зависи од самиот телевизор, како и од квалитетот на сигналот. Ако кабелскиве телевизии пуштаа AVC сигнал со асален bitrate, да, ќе изгледаше супер, како што е на запад. Арно ама, кај нас се пушта со 1000, 2000kbps AVC на Full HD и што очекуваш... едноставно не е доволно, за single pass encode, особено на fast (за да биде realtime, мора параметрите да се подесени на fast encode, нема друг начин). За fast encode ти требаат барем 10000kbps за AVC, половина од тоа за HEVC, тек четвртина од тоа (2500kbs, ама ајде, може да пројде солидно и со 2000kbps) за VVC, онолку со колку што праќаат всушност и кабелските, ама за MP4 AVC, а не за VVC
.
На една планина кај што нема во близина предавател, гледав аналогна ТВ од далечен предавател каде соодносот на слика и шум на екранот беше 50 со 50 %. Од кога наместија дигитален предавател на иста локација со иста снага и дијаграм на зрачење (информација од операторот), немам доволно јак сигнал за да се декодира во слика и звук. Сакам да кажам, со аналогната ТВ нешто од нешто ке чуеш и ке видиш при слаб сигнал а сега нема слика и звук ама за тоа имам Тотал ТВ
Повторно, проблем со операторите и квалитетот на сигналот. Воопшто не е проблем со самиот стандард и начинот на кој се предава сигналот. Ако е се како што треба изведено, такви проблеми не треба да има и нема.
Но, да, во право си за една работа (за која апсолтно се сложувам), кај аналогната, и да не беше добар квалитетот на сигналот, барем не сецкаше сликата и звукот. Тоа е неминовна последица на дигитализацијата. Нема начин како да се елиминира овој проблем и во случај на лош прием да се случува истото што се случуваше и во аналогната телевизија - снег и малку шумење во аудиото, но сепак, можеш да следиш програма.
Како тоа не чинела и не чини аналогната? Со неа сите сме израснале и сме поминале години и години гледајки документарци, музика, емисии, вести и што ти не.
Не е дека е лоша, едноставно технологијата оди напред, тоа е тоа... life goes on
.
Дали треба да се реализира или не, тоа е економско прашање, значи ако има претплатници кои ќе платат унапред одредено време секој ќе реализира, исто ко со 5г, не чинело ама сите се префрлија на брз интернет, пошто нели, модерно е убаво е. А да не се префрлаше никој, операторите сами ќе ги демонтираат предавателите, не се луди да одржаваат опрема ако нема претплатници.
Јас апсолутно сеуште тврдам дека, конкретно за 5G, сеуште, а и за 10 години од сега, нема да има никаква потреба... 20GBit/sec... АЛО... ма не IOT уреди, што сака нека е, 20GBit/sec е смешно... освен на data center, на end user, толкава брзина, нит му требала, нит ќе му треба. Тоа е смешно. Едно се WAN мрежи, друго е end user со потреби како FB, Instagram, Twitter, итн.
5G се направи „пошто зашто“... колку да има напредок и на тоа поле, т.е. за се продаваат уреди со 5G поддршка. Големи пари лежат во тоа, затоа и се направи. Еве, јас, а и многу други кои ги знам, си се или на 3G или на 4G, апсолутно никакви проблеми немаат. Е сега, ако операторите сакаат да форсираат да се префрлиш на 5G со манипулации во стилот на „стегање на интернет вентил за 4G и попуштање на истиот за 5G“, ова е веќе сосема друга работа. А ако ти викаат од операторот дека интернетот ти е спор поради тоа што телефонот ти нема 5G, тоа е, кратко и јасно, лага.