Windows сервер на домашна машина ? WTF?
Што има тука толку чудно? Јас користам дома Win Server 2003 на сите мои домашни машини. Чисто user орриентирани ми се машините, значи немам некоја SQL база да ми работи во пoзaдина или нешто такво. Го користам од проста причина што е побрз и постабилен од XP. Многу луѓе исто така биле скептични во изјавата дека е „побрз и постабилен“ од XP, но кога го пробале, самите се увериле во тоа. Искрено, го препорачувам на сите кои не го користат оперативниот систем само за играње на игри (под Win Server може некои игри да не се инсталираат, како на пример Doom 3 експанзијата, ама има и за тоа tweak-ови
). Aко на мене не ми веруваш, провери на Google, пиши "XP vs Server 2003" и види што ќе ти извади како резултати, ќе видиш дека огромен број на обични корисници се имаат префрлено на Server 2003 само поради неговата стабилност и брзина. Значи не користат нитуеден од неговите серверски сервиси (можат мануелно да се изгасат) и го користат чисто како desktop оперативен систем.
Исказот дека Линукс „сервер“ кернелот е постабилен од обичниот кернел ти е тотално неточен затоа што не постои Линукс сервер кернел ниту пак тој (доколку магично би постоел) ќе бил постабилен од регуларниот кернел.
Во право си, погрешно се изразив. Сакав да кажам дека начинот на кој се „користи“ (не ми текува поадекватен збор на Македонски) kernel-от кај обичните user едиции на Linux и кај серверските едиции се разликува. И за ова ако не ми веруваш, пак провери на Google
. Оптимизирано е искористувањето на опциите кои може да ги пружи kernel-от кај серверските едиции, само тоа сакав да кажам
.
А за Win Server kernel-от и Win XP kernel-от, тоа сум 100% сигурен дека се разликуваат. Не се разликуваат премногу, но дефинитивно се разликуваат
.
Самиот кажуваш дека си бил сервисер. Јас како сервисер секогаш сум open minded и не доаѓам до заклучоци од типот
„Матичната е најверојатно“
Се додека не се истестира до крај, без разлика за што проблем се работи неможеш со сигурност да кажеш дека некој дел е проблемот.
Морав да носам такви заклучоци. Фирмата во која работев соработуваше со други фирми кои зависеа од нивните PC-иња да го одржуваат совтверот во кој работат функционален и up and running. Ги бараа машините назад во што е можно побрзо време за да можат пак да почнат да функционираат како што треба, дел од нив беа брокерски фирми, друг дел се бавеа со купи продај, итн. Како и да е, сите зависеа од определен софтвер кој доколку не работеше, не можеа да работат ни фирмите. Ги интересираше само да им работат PC-њата, и доколку не работеа, што е можно побрзо да се поправат. Ако не се поправаа (или ако премногу време требаше за да се поправат, на пример 2, 3 дена), едноставно нарачуваа нови конфигурации, па кога ќе ја направевме старата, им ја дававме да ја имаат како backup, случајно да не се „расипа“ нешто на новата па само да направат switch на куќуштата
.
Да имав малку повеќе време на располагање, можеби ќе ги истестирав како што треба. Кога сум поправал во домашни услови, секогаш сум ја исцрпувал секоја опција пред да кажам дека проблемот е „во тоа и тоа“. Но кога газдата ти „дише над врат“ и ти вика дека машината мора да биде готова денеска, е тогаш ќе кажеш и нешто што можеби и не е точно, но ќе го смири однесувањето на газдата и на сопственикот на фирмата од каде е донесено PC-то
.
Јас реков дека најверојатно е матичната плоча, не можам да бидам сигурен. Тоа беше чисто мое мислење, далеку од тоа дека првично проблемот би го барал таму. Само реков дека од моето досегашно искуство со Foxconn плочите, најверојатно е до матичната плоча.
Во овој конкретен случај зборуваме за УСБ портови а не за аудио или етернет чипови.
Пои
Точно, но премногу пати ми се случувало да треба да менувам искршени USB портови од PC-иња на корисници кои наопаку ставале (поточно пробувале да го „набијат“) USB Flash-от или принтерот или не знам што, па несакајќи оштетиле и дел од лемните места на некој контролер, без разлика дали станува збор за USB контролер или Ethernet или аудио. Еднаш дури ми се има случено да ми донесат и куќиште во кое матичната плоча беше тотално пандата внатре. „Генијалецот“ кој ја склопувал мшината не ги зашрафил шрафчињата со кои се држи матичната плоча за куќиштето. Само ставил неколку пластични дистанцери, колку да не падне. Корисникот на куќиштето пробал да стави (набие) наопаку USB принтер, по што се разбира, се случило неизбежното, односно паднала плочата (се искршиле платичните дистанцери). Ај што требаше да ги менувам USB портите на матичната плоча (задните беа тотално уништени), туку кога паднала матичната плоча, се оштетиле и дел од водовите на на плочата, па морав да вршам „крпење“ на водовите на плочата.
Сакав да кажам дека никогаш не се знае каков корисник ќе ти дојде и што ќе ти каже. Во случајот што го опишав погоре, корисникот на PC-то ми рече само дека пробувал да приклучи принтер на задните USB порти и не сакал да „влезе“ конекторот, по што компјутерот престанал да работи. Бидејќи не знам на каков мушерија ќе налетам, ако се јавуваат проблеми од овој карактер (мислам на проблемот што го има alekelektronika), секогаш прво проверувам да не случајно е хардверски проблем, а после ја исцрпувам секоја друга опција
.
Доволно беше off-topic муабет, ако сметаат модераторите дека треба да се избришат post-овите, моите можат слободно да ги избришат
.
@ alekelektronika: Пробај смени го оперативниот систем како што предложи Aleks (значи стави некоја Linux едиција), ако не се јави проблемот, до оперативниот систем било. Ако пак се јави, значи најверојатно проблемот е хардверски
.