Само прашањето е кој ке плати ( дебела сметка ке биде).
Има еден куп резервни компоненти од други радија, а ако испадне дека треба ден куп пари за ламби, тогаш поарно за делови ќе оди, а куќиштето ќе стои како украс...
Споено мислење: [time]22 Септември 2014, 13:51:38[/time]
Update:
-Радиото темелно го исчистивме со професорот, имаше еден тон прашина! (околу 4мм слој на плочата и сите компоненти).
- Лоциравме неколку компоненти што фалат или се прегорени
- Ја зацврстивме капата на звучникот со супер лепак, кој верувам дека ќе држи, но амортизерот плаче за менување!
- Го заменивме стариот кабел со нов, бидеќи беше многу крут, дури и се ронеше на некои места...
- На сите ламби им направивме тест со тресење, две од нив (AZ1 и EBL21) имаа нешто во стаклото што тропкаше. Бидеќи часот беше при крај, ги зедов дома за подетално тестирање- испадна дека греачите и на двете им се исправни. Тропкањето кај AZ1 беше предизвикано од скршено парче од лепакот што го држи стаклениот балон (помеѓу основата и стаклото) , додека она кај EBL21 беше предизвикано од откршени ситни парчиња внатре во стаклениот балон. (Од онаа бела супстанца што се користи за изолација на греачот)
ЗАКЛУЧОК:- Со 90% сигурност можам да кажам дека ламбите се исправни, што севкупно ја намалува цената на преправката...
- Сите електролити треба да се заменат, вклучително и прегорените отпорници...
- Трето и најважно-
НЕ му верувајте на тестот за исправност на ламби со тресење!