Само да го дообјаснам мојот претходен post. Во поновиве тастатури и мауси (пред се мауси, јас ова во мауси го имам начекано, а за тастатури, случајно online прочитав, и тоа не сите тастатури и мауси, само во мал дел од нив) има контролери кои имаа двојни порти, односно едни пинови се за USB, други за PS/2, па само се менува кабелот уште во самата фабрика каде што се произведува маусот или тастатурата (за USB се става еден кабел, за PS/2, друг кабел и тоа е тоа). Овие тастаури и мауси не се пречести, но имам видено вакви (на пример, пиновите за Vcc и GND им се заеднички, но имаат пинови и за CLK и DATA за PS/2, односно DATA+ и DATA- за USB, значи овие контролери имаат се на се по 6 пинови за интерфејсот: Vcc, GND, CLK, DATA, DATA+, DATA-). Дури имам видено и контролер за маус кој е наменет за USB (таков конектор имаше поставено на маусот), но во datasheet-от за контролерот, пишуваше дека може да се врзе и за PS/2 (не ми текнува кој од пиновите беше поврзан за CLK и DATA, дали DATA- беше CLK а DATA+ беше DATA, не ми текнува, но во datasheet-от пишуваше дека има таква опција контролерот и, као демек, автоматски детектирал дали е врзан за USB или PS/2... колку е ова точно, не знам, не проверив). Но, од друга страна, немам видено контролер за маус кој фабрички е наменет да работи на PS/2, да може да се приклучи на USB (двата претходни примери кои ги наведов беа за мауси кои фабрички беа наменети да се користат на USB).
Значи, твојата тастатура најверојатно нема контролер кој може да работи во „двоен мод“ (на USB и на PS/2) бидејќи е постар модел (повторно, претходните два примери кои ги наведов беа на прилично нови мауси, купени 2012-та година, а освен тоа, еден од нив бил купен во странство, не кај нас), а и да не беше постар модел, како што наведов, овие два примера беа за мауси наменети да работат на USB, не на PS/2.
Ти јас разбирам „болката“... евентуално, како крајна опција, отвори ја тастатурата и ако контролерот не е изведен како „црна плуканица“ (не е "on board" залиен на плочката), провери кои му се ознаките на контролерот (чипот) и симни datasheet од него. Најпросто, направи search низ datasheet-от за зборот "USB" или "Universal Serial Bus". Ако некаде го начекаш во datasheet-от провери што пишува, дали важи за тој контролер, да не важи за некој друг од неговата фамилија, итн. Ако никаде во datasheet-от не пишува "USB" или "Universal Serial Bus"... тоа е тоа, друго освен конвертор од PS/2 во USB, не те спасува.