Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: Acki2009 on 18.01.2012, Wednesday, 13:17:23
-
Појачалото имаше еден проблем кога ќе се вклучеше на дисплеј пишуваше protect. Го отворив и видов два испукани транзистори 2n5551 и ги заменав. Ги проверив и другите транзистори сите беа добри и пробав да го вклучам во струја но сега дисплејот воопшто не сака да работи, а на конекторот од дисплејот мерев напон 5волти исто така се напојува со 5 волти и микроконтролерот W78E052C40DL. Јас не би рекол дека проблемот е во транзисторите што ги заменав, да напоменам и друго дека процесорот на дисплејот се загрева мн брзо. Значи ништо друго не е чепнато појачалото освен што се заменаа двата транзистори. Во што би можел да биди проблемот ако сака некој да ми помогне.
-
Само дисплејот е проблем или целото појачало не пали ?
Пошто гледам си мерел напон од 5v до дисплејот претпоставувам напојувачкиот дел е во ред. Но дали свири воопшто ?
-
Само дисплејот не работи, а има напон 5волти, иначе на излез дава сигнал.
-
Изгледа си зезнал уште некоја работа кога си го оторал :S. Кинескиве уредчиња се прилично осетливи :S. Треба да се растури убаво и да се види што е проблемот. Најчесто со мерење на напони и сервисна шема може да се стигне до проблемот, но ако е изгорен процесорот, тоа е тоа, му нема спас :S.
-
Но зошто мн брзо се загрева процесорот на дисплејот.
-
Ако имаш осцилоскоп, види дали осцилира кристалот на процесорот. Ако осцилира, можеби и има надеж, ако не, тоа е тоа, чувај го за делови.
-
Значи да се разбериме добро дисплејот пред да го отворам и да ги заменам транзисторите беше океј само пишиваше Protect не би требало да цркни процесорот поради тоа што ја извадив плочката за да ги одлемам и залемам транзисторите. Случајно да не треба да се активира преку даличинското поради што ја извадив плочката, или пак можеби тоа нема никаква врска.

Од „не би требало“, до „изгоре“ има голема разлика, ми се имаат случено слични работи неколку пати. Затоа, проери дали навистина работи ;).
-
Немам осцилоскоп за да го проверам процесорот, но како на друг начин би можел да го проверам дисплејот дали е океј. И дали може да се најде сервисна шема за ова појачало.
-
Немам осцилоскоп за да го проверам процесорот, но како на друг начин би можел да го проверам дисплејот дали е океј. И дали може да се најде сервисна шема за ова појачало.
Сервисна шема не најдов за овој засилувач. Околу дисплејот, мислам дека ова беа VFD дисплеи и треба да имаат на некои нивните пинови некој прилично висок негативен напон (барем така нешто ми текнува, нека ме корегира некој ако грешам).
-
Па не би требало да има нешто многу големи напони таму, јас што имам видено VFD напоните биле до 12-15V, плус околу 3V за греење.
-
Па не би требало да има нешто многу големи напони таму, јас што имам видено VFD напоните биле до 12-15V, плус околу 3V за греење.
Епа тогаш изгледа сум згрешил ;D. Но пак, тоа е релативно висок напон за напојување на дисплеј, ама јасно ми е зошто е толку висок, принципот на работа го наложува тоа ;).
-
Дечки констатирано е дека процесорот на дислпејот си го одработил своето, дали можи од кај некаде да се најде дисплеј за овој тип на појачало дали бил нов или половен не е ни битно.
-
Дечки констатирано е дека процесорот на дислпејот си го одработил своето, дали можи од кај некаде да се најде дисплеј за овој тип на појачало дали бил нов или половен не е ни битно.
ebay можеби ???.