Скоро и да е невозможно во стерео трансмисија да се емитува само еден канал. Секогаш има мешање на каналите лев во десен и обратно. И тоа зависи од прецизноста на пилотот 19Khz, и од јачината на сигналот. Како што слабее сигналот левиот и десниот канал се мешаат. На најслаба приемна точка сигналот се слуша моно, иако приемникот регистрира стерео сигнал.
Според ова што го прочитав, изгледа дека проблемот е во непрецизноста на фреквенцијата. Мислам дека кристал од 7.600 го делат неколку пати за да добијат 38 те. 19Khz и тука е проблемот.
Очигледно немаш многу познавања за проблемот,па затоа ова си го пишал.
Едно време дури и во УСА имаше воведено *псеудо- стерео*,систем со кој моно сигналот се*трансформираше * во стерео и се емитуваше со задоволителен квалитет.
И кај нас сега е случај во некои локални медиуми да се употребува *верзија* на овој систем,кога само се мешаат двата сигнала (лев и десен) се додава пилот сигнал ,колку да се пали ледот на декодерот.
* На најслаба приемна точка сигналот се слуша моно, иако приемникот регистрира стерео сигнал.*- на најслабата приемна точка сигналот ке биде пак стерео ,ако кодерот е во ред, бидејќи пилотот служи само за активирање на декодерот. Во секој случај кодерите кои кај нас се употребуваат по локалните станици се имитација на кодери ,кои немаат ни К од вистинските кодери освен што го палат лед-от на приемникот. Знае Димче за што зборувам...