Не ретко при невреме, снег, силни дождови или во последно време реструкции на струја, снемува струја. Населбата каде што живеам јас е рурална средина и електричната енергија ја добиваме од хидроцентрала. Многу пати сред радиоврска снемува струја и ми иди да си мавнам карате. Ахаааааааааааааааааааа си велам, ќе го пуштам генераторот и гледам нема бензин. Пред некој ден во визбата најдов еден акомулатор 12 волти и 17 ампер часа изваден од еден расипан стартер за автомобили кој што служел за помош при старт. Одма ми светна сијалицата над главата (идеја) да го решам овој проблем.
имам една кутија од телефонска централа на искра и како што се гледа идеално е местото за овој солиден акомулатор. Акомулаторот беше 2 години изваден од расипаниот стартер и измерив 9 волти, ехеееееееее 2 години стоел и 7 волти, Одлично. Го отворив и дотурив дестилирана вода и пак го затворив и залепив со пиштол со течна пластика. Волтметарот го наместив на кутијата
Значи, имав малку работа да отворам дупки за буксните, осигурачот и за волтметарот. На горниот дел од кутијата има едно црвено дугме кое кога ќе се притисне волтметарот го покажува напонот
Секако дека мислев и на рачка за носење, овие акомулатори може да стојат во било која положба па немаат проблем.
Каблите од стариот стартер исто ги имам па мислев и на тоа да ја зачувам оригиналната намена за кое што бил, па сеуште може да се користи како стартер за секој случај. Оригиналниот стартер претрпе механички штети на компресорот за воздух и полначот, ама акомулаторот и волтметарот си беа ок.
Најважно е дека може да се користи како резервно напојување за радиостаница кога ќе снема струја. Ако станицата работи со помала снага овој акомулатор може да работи со часови.
Полнењето на овој помошен уред оди директно преку исправувач за радиостаница од 10А и 13,8 волти. Амперметарот на исправувачот покажува струја на полнење од 2А и мислам дека е ок ако се запази принципот 10% струја на полнење од моќноста на акомулаторот