Тороидите се вистинска работа! Но цената е драстично поголема. Може да се стават поголеми кондензатори за басевите и тоа обавезно до самиот чип за напојување, или на самата плочка од засилувачот.
Батка овој пат за се се сложувам со тебе.
3 волти пад е она што го дава "трансформаторски звук" кај регулираните не е така.
Еднаш ми изгори СМПСво во самиот активен звучник, но тоа беше моја вина, го стартував без да проверам дека всушност сум имал направено краток спој кај влезот на засилувачот. И секако СМПСто заврши со врева!
Но ништо не оштети! Осем 2та IRF840 кои изгореа.
Со овој СМПС можете да извлечете околу 2х70W RMS, доколку засилувачот е АВ класа со полезно дејство од 70%. Може многу повеке, но не со EI33. Музичка можда 2х100 но е дебатибилно...
Сакам да напоменам дека имам многу пати преправано ATX да дава поголем напон, демек за засилувач, но секоја верзија е прилично оштра во високиот регистар, некогаш се слуша осцилаторот од самите звучници (додека е малку оптеретено заради повратната врска работи на само 7kHz).
Такада ако е за засилувач мора да работи над чујниот опсег, барем над 50кHz. АТХ апсолутно е неискористливо за засилувачи, не заради можност-неможност да ги напои засилувачите, туку едноставно има премногу пречки со звукот.
Овој СМПС со IR2153 го работев 2 месеци скоро, додека дојдам до овој склоп, и воопшто не сум разочаран од тоа што го може. Топло препорачувам некој кој има засилувачи-спремнi модули, а нема трафо, да го изработи ова напојување
но внимателно, се работи за опасно коло, со напон од 320V, а и доста јак излез кој може лесно да спржи при негрижа. Не е за почетници или некои кои немаат искуство со висок напон.
Не сакам да носам некого на душа
Најубаво како завршен да го ставите во металната кутија од ATX или ваша кутија, да си биде како таков фиксен, ама навистина добро фиксиран. Кулер може, а и не мора.