Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Devil on 10.12.2009, Thursday, 20:39:38

Title: Полнач за батерии од 9V
Post by: Devil on 10.12.2009, Thursday, 20:39:38
Ми треба некоја шема за полнач за батерии од 9V, на располагање имам адаптер од 12V 1.2VA еднонасочен напон, сакам овој адаптер да го искористам за да го направам полнач.
Е сега проблем е тоа што батеријата ќе се наоѓа во кутивче кое нема да може да се отвора ( најверојатно или ќе е заштрафено или залепено) па така да ми треба нешто со што не ќе мора да го отворам па да ја вадам и да ја ставам на полнач, по можност да биде помало и да има некоја индикација додека се полни, се на се идеата ми е да направам полнач со 2 лед диоди една црвена која треба да свети се додека се полни и една зелена која ќе свети само кога ќе се наполни батеријата, ама додека е на полнач, а не и откако  ќе го исклучам полначот да продолжи да свети.
То е се  :D ;D
фала

едит
еве како ми е идеата
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/polnac10.png)

Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: BorceBT on 10.12.2009, Thursday, 21:46:12
Имаш 3 грешки:
Првата е што требаше да го зголемиш „transparency“ на Image Protect бидејќи повеќе се гледа логото на форумот отколку шемата :).
Втората грешка е во напоните. Вака: Има 2 типа на батерии за полнење. со 7 келии и со 8 келии. Таа со 7 ќелии пишува дека е 8.4V номинално додека таа со 8 келии пишува дека е 9V !!! Постојат и батерии со 6 келии (7.2V номинално) меѓутоа се надевам дека не ги произведуваат веќе. Во суштина таа што е со 6 ќелии кога е полна има околу 8V, таа со 7 келии кога е полна е околу 9V додека таа што е со 8 келии кога е полна е околу 10V. Тука треба да пазиш каква е батеријата. Второ, батериите се полнат со напон 10тина - 15 % поголем од максималниот напон кој може да го има батеријата кога е преполна. Значи батерија со 7 келии што номинално е 8.4V Мора да се полни на 9.5 до 10V додека таа со 8 келии на 11V. Значи идеата со 7809 и плус има диода редно е многу лоша бидејќи ќе останат 9V - 0.7V пад на напон на диодата = 8.3V или недоволно за полнење. Како да се реши проблемот. Вака, значи отпаѓа 7809 и стави 7812 и на влез нека има поголем напон (13-14V) таман од обичен „адаптер“ колку што дава. Диодата ќе го намали напонот на полнење на 11.3V. Доколу имаш батерија со 7 келии наместо 8 ќе ставиш уште една диода редно до првата. Да видиме сега отпорникот. Батеријата треба да се полни со максимум 20mA. Разликата на напонот кога батеријата ќе биде празна (7-7.5V) ќе биде околу 4V. По омов закон би добиле дека со 150оми (I=U/R) ~ 26mA што кога ќе крене батеријата ќе биде таман 20mA. Значи отпорникот од 150оми е добар дури и со новите напони што ти ги кажувам. За светење на диода кога е полна батеријата , идеата со зенер диодата е супер меѓутоа да видиме за нејзината вредност. Значи кога е преполна батеријата ќе биде некаде околу 10V. Значи диодата треба да свети на 10V а не на 9V или помалку. Ако користиш црвена LED диода - таа проработува на 2V, значи 10-2 = 8 волти ти остануваат да „падниш“. Фиксната диода го паѓа уште 0.7V значи ти останува уште 7.2V. Или земи зенер од 7.2 волти а ако нема на оваа од 6.8 стави му редно уште една обична диода.
Третата грешка и најкобната (таа што ќе ти ја прегори диодата одма) е тоа што зенер диодата ти е обратно поврзана. Зенер диодата како што ти е поврзана сега ќе работи како обична диода со пад на напон од 0.7V. Зенер диодите кога се поврзани обратно (- на анода) работат како зенер диоди со одреден пад на напон, запамти го тоа. Направи го склопот и кога ќе работи како што треба напиши ги точните вредности (сепак ова е теорија, во пракса може да има уште промени) и нацртај ја и постави ја шемата пак.
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Devil on 10.12.2009, Thursday, 22:30:37
Еве поправена  ;D
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/polnac10.jpg)
со сите измени, направена за батерии од 8 ќелии  :)
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: BorceBT on 10.12.2009, Thursday, 22:33:04
Би требало да работи добро а ќе се покаже кога ќе го направиш на дело ќе го видиме :)
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Bojan on 01.03.2010, Monday, 00:43:04
дека како што сватив батерија од 9V треба да се полни на напон од скоро 10V па ја една моја преправка на шемата што беше покажана од Devil...

(http://i136.photobucket.com/albums/q181/Bojanevski/polnac.jpg)

разликата е...ја нема D2 од шемата на Devil, D3....(зашто да даваш пари за зенер кога можеш само со одпорник да поминеш???) и има уште некое делче...диодата што 7809 го поврзува со минусот...значи ако таа диода е само една ке има +0,7V на излезот од стабилизаторот и со тоа на излезот кај што се поврзува батеријата ке има ~9V...ако има уште една диода(две диоди од Gnd кон минусот) ке има ~9,7V...

и може кондензаторот да се стави на влез...а и на излез можеш да ставиш, како сакаш...

тука е крајот...

П.С.во што програма ти е цртана шемата??? ја ја цртав шемата у корел...па ме мрзи да ставам "точки" кај што се поврзуваат деловите...ако не е јасно нешто прашајте дека брат ми ме напна да станам од компјутер па ова е набрзинка пишувано....

ова стварно ке е за крај..ако сакаш LED-от да ти троши струја 20mA стај 470R ако сакаш 10mA..стај 910R....
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Devil on 01.03.2010, Monday, 00:55:38
идеата со зенерот е секогаш кога ќе се наполни батеријата да се уклучува лед диодата
и цела струја за полнење ќе течи низ диодата, доколку се испразни во меѓувреме пак се повторува полнењето
цртано е во TinyCAD
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Bojan on 01.03.2010, Monday, 01:11:36
ок...за зенерот не сум сватил како што треба... :D аnd the rest suppose to be all right....  :D
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Georgi on 01.03.2010, Monday, 08:36:39
Ај ако сакаш Devil прати ми крак за програмава по ПП...
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Devil on 01.03.2010, Monday, 11:30:26
програмата е опен сорс и за неа не треба крак :D
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Georgi on 01.03.2010, Monday, 11:52:41
О извини, јас кај што спуштав имаше програма некоја се рекламираше со пари... Мислев дека ова е...
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Bojan on 02.03.2010, Tuesday, 20:45:30
друже го направи полначот????
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Devil on 02.03.2010, Tuesday, 20:53:19
Да, да
работи добро се како што треба ;D
направен ми е пред подолго време
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: svetle on 03.05.2010, Monday, 07:57:42
според која шема го изработи полначот (Со 7809 или со 7812)
Title: Одг: Полнач за батерии од 9V
Post by: Devil on 03.05.2010, Monday, 09:32:11
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=335.msg1204#msg1204 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=335.msg1204#msg1204)

со 7812 работи супер :D