Author Topic: [Одговор] Зошто кај реостатите едниот од крајните пинови се врзува со лизгачот  (Read 795 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Прашање на кое и јас до пред некое време не го знаев одговорот, но сосема случајно го најдов ;).

Да ги разгледаме овие две ситуации, слика 1 и 2.

Слика 1:



Слика 2:



Електрично гледано, овие две шеми се идентични. Но зошто тогаш во електричните шеми почесто може да се види првата конфигурација отколку втората?

Одговорот е многу прост ;). Замислете случајно да се откачи лизгачот од потенциометарот. Како што знаеме, овие лизгачи се механички врзани за отпорната површина и самото менување на отпорноста се изведува механички, од каде следува дека може да се случи лизгачот случајно да се „одлепи“ од отпорната површина, најчесто поради дефект на потенциометарот (механичко оштетување). Доколку се случи ова, отпорноста меѓу лизгачот и едниот или другиот крај од потенциометарот ќе биде бесконечна (барем теоретски), што може да се види од следната слика.



Но, доколку потенциометарот (или тример потенциометарот) е врзан како на сликата 2, при случајно одлепување на лизгачот од полупроводната лизгачка површина, отпорноста која ќе се јави меѓу лизгачот и активниот извод од потенциометарот не е бесконечна, туку е еднаква на максималната отпорност што може да ја има потенциометарот. Ова е прикажано на долната слика.



Најчесто, електричните колата не се дизајнирани на тој начин да „не знаат“ кој потенцијал го имаат во определен дел од колото (отворено коло) или да не тече струја во определена гранка од колото. Доколку се случи оваа ситуација, можно е колото да престане да функционира како што треба или да се јават уште поголеми неисправности во колото освен неисправниот потенциметар/тример. Се разбира, ова зависи од дизајнот на колото и местото на кое е поставен потенциометарот, односно тример потенциометарот. Затоа и не се сретнува секогаш конфигурацијата на сликата 2 во електричните кола, иако како конфигурација е почеста. Но, во некои кола, попожелно е при дефект на потенциометарот, поради безбедност или некоја друга причина, средниот извод (лизгачот) од потенциометарот да се остави „да виси“, па во тие ситуации, најчесто се користи конфигурацијата од сликата 1.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."