Author Topic: Дали е ова измама,непознавање на електрониката или...??  (Read 2284 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
На многу сајтови се појави ова шема.Тоа е всашност антена која ,наводно, ја апсорбира енергијата во просторот и ако ја закопаме во некоја нива целата енергија ке ја внесе во неа ,па ке има богат род итн.Јас би рекол - врбата ке роди грозје,најверојатно! :o Но,да видиме што имаме тука: два детекторски приемници ,чудно поврзани( не гледам слушалки само ;D) .Но , сепак нека се знае дека и ние на Форумов сме ја виделе и коментирале!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Нема врска ова, прво и да е исправна шемата, тој напон што ке го произведе нема да се распредели право пропорционално во нивата, а како друго, напонот не верувам да има врска со родот.
Не верувам дека струјата делува добро на родот. Да беше добро ке се продаваа некои уреди кои се приклучуваат на струја и се приклучуваат со некакви сонди во нивата.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да знаеш дека шемава е многу популарна во USA и е објавена во скоро сите релевантни едукативни (школски) часописи,ја има на форуми,се коментира,дури и се фалеле некои како кравите што живееле во близина на ова антена повеке млеко давале  ???

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
да се сложувам за подобар род треба мотика а не молитва и секако некој вид на прихрана на поседите во вид на вештачко или арско ѓубриво

Offline puknati

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 160
  • Gender: Male
Највероватно измама ???, нели нешто слично беа и оние пирамидите што еден период беа доста актуелни на телевизиите кај нас, незнам, акумулираа или насочуваа енергија ???, па со тоа делуваа на расположението на човекот(расположена крава би дала повеќе млеко нели) али не доживеаа некоја масовна употреба затоа што највероватно беа измама....

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да знаеш дека шемава е многу популарна во USA и е објавена во скоро сите релевантни едукативни (школски) часописи,ја има на форуми,се коментира,дури и се фалеле некои како кравите што живееле во близина на ова антена повеке млеко давале  ???
е ова ме чуди, ја ставиле за едукативни и школски цели, како кај нас за предметот ОТП или ОТО (не знам како се вика сега) Кај нас, секоја објавена шема по која треба да работат деца од школо е 100% исправна и проверена, а овие американците што ставаат за децата леле тешко нив.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе и коментариве се блесави- како ова било револуционерно,те имали надеж за спас на земјината топка,па прашања од типот -дали да ја ставам во свињарникот,кокошарникот ?!?!?!?!?.....

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Абе и коментариве се блесави- како ова било револуционерно,те имали надеж за спас на земјината топка,па прашања од типот -дали да ја ставам во свињарникот,кокошарникот ?!?!?!?!?.....
хахахахаха леле нашле спас за земјата ;D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе, имаат силоси со ракети сред полињата, ама не ги засега толку радијацијата,ниту се свртуваат против ставање пестициди и хормони ,туку запнале со магии да ја зголемеле плодноста на земјиштето.На никого не му се копа земјата.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
да беше ова толку корисно, сегде кај што врви далноводот низ земјава (каде има ниви пасишта) требаше да имаат толку род што немаше каде да го чуваат, или пак таа земја ќе беше толку јака што незнам, можеби банани би можеле да посадат..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
да беше ова толку корисно, сегде кај што врви далноводот низ земјава (каде има ниви пасишта) требаше да имаат толку род што немаше каде да го чуваат, или пак таа земја ќе беше толку јака што незнам, можеби банани би можеле да посадат..
татко ми наследи нива,околу нивата(на неколку метри-500 метри) проаѓаат неколку далноводи.Ова не е така што велиш за родот.Како што кажа Здравковски,треба да се земе мотика,но и ѓубриво.Исто така на школо ни кажаа дека треба 20 години земјата да не е обрабутувана за да има добар,квалитетен род.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
Исто така на школо ни кажаа дека треба 20 години земјата да не е обрабутувана за да има добар,квалитетен род.
има една многу едноставна работа што ја применуваат земјоделците односно една иста култура на една нива не ја садат повеќе пати затоа што со сигурност секоја наредна година послаб род ќе дава затоа на неколку години менуваат култури или имаат меѓу култура и плус ретко кој става ѓубре по претходно направена анализа на земјата која ја обработува сите тоа го прават напамет што има во земјоделска аптека тоа иако на земјата можеби и е потребна друга состојка(многу често затоа се вели дека ѓубривата се со лош квалитет)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
па да де, ова е чиста измама, нема врска ова, тоа и јас пишав дека ако беше ова толку корисно немаше да треба работа него сите што имаат такви ниви ќе садеа банани :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
дискутираме на темава 3 часа ама јас уште немам сватено убаво ова во Америка им го продаваат на фармерите или ?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
имаше шред некој ден едни пластики се ставаа на рака, како белезики демек давале сила за учење и благосостојба. наколегите што ми кажаја им се изнасмеав толку многу што ми падна незгодно. мислев се они на журкине што ги ставаат .... инаку кај што се бандерине(оние челичнине) по далеководиве тука тревата(и било кое растение) има негативни последици, учевме по биологија во основно.