Author Topic: Поврзување на PIR сензор  (Read 1057 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Поврзување на PIR сензор
« Opened on 24.12.2011, Saturday, 16:46:49 (Edited 20.08.2013, Tuesday, 17:54:55) »
PIR сензор кој реагира на движење може да има работен напон од 3-6V ,а некои типови и на 12V ! Денеска тука малку се *слизнав* .Имено донесоа еден сензор со KC7786 PIR sensor , беше остатокот од електрониката изгорен ( стопен! ;D) Се мачев со сензорот саат време ,а не прочитав дека на 12V работел! Јас упорно со 5V го напојував ,за конешно да увидам дека треба повисок напон.За памет за вас прво проверете со кого си имате работа! :D :D Иначе еве ова шема ја направив на една уни плоча само лед со отпорникот не ја врзав на еден контакт од релето,ами паралелно со намотката на релето,обратно поставена на 1N...  диодата.Релето кај мене има еден контакт и пали рефлектор од 300 W.


Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Поврзување на PIR сензор
« Reply #1 on 24.12.2011, Saturday, 21:03:19 »
Батка, како си ми ја погодил шемава.. баш денеска ми стигна еден ист ваков пир сензор, па се мислев како да го поврзам..
Инаку ми треба да го ставам во зграда во влез, на приземје кога ќе влезе некој да реагира а за нагоре класично си е со скаличен автомат.
Диодата претпоставувам се користи за заштита од обратен поларитет. А зошто му е отпорникот од 100 оми??
И уште една работа. Ова коло бара 12 В. Да не знаеш отприлика која му е потрошувачката пошто сакам реактивно напојување да му направам..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Поврзување на PIR сензор
« Reply #2 on 25.12.2011, Sunday, 15:55:11 (Edited 25.12.2011, Sunday, 15:58:45) »
Тој отпорник е заштита за зенер диодата и нека си стои.Од изворот 12В (може 13,6 или 14 V да биде!) преку отпорникот се стабилизира напонот на 12V.Ова може и со 7812 да се направи,ама овде немаше многу простор ,а и сензорот не троши многу па доволна е и 0,4W зенерка.Сензорот според податоци троши 600 микро ампери ( не мили ампери!!).Може и класичен надворешен адаптер да земеш од 0,3А ( од пазар).

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Поврзување на PIR сензор
« Reply #3 on 25.12.2011, Sunday, 19:44:09 »
денес (до пред малку) и јас поврзував еден пир сензор, само што ова е цел рефлектор
финтата беше тоа што во кутијата назад каде што треба да се спое кабелот од напојувањето имаше 6 жици од кој 3 од рефлекторот и 3 од пир сензорот, уредов купен од продавница, нема ни упатство нема ништо, само жиците од рефлекторот означени се како L N и уземјување
а тоа како се поврзува сензорот нигде не пишеше :)

ок некако на интернет најдов како сето тоа се поврзува, инаку работеше на 220V директно без посебно напојување за сензорот, најверојатно си има нешто мини напојување самиот сензор вградено.... како и да е многу фуш роба се продава по пазаров, пазете кога купувате пошто јас изгубив 1 сат барајќи на интернет како се поврзува и на крајот најдов една фирма која е производител на вакви рефлектори (не баш исти ко тој што требаше да се поврзи) и барав даташит по тоа страната па начекав некоја шема таму и по неа поврзав, па проработе од прва

само малку сумлив ми беше тоа рефлекторот пошто таа регулацијата за време и осетливост на уредот како да не работеше добро :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Поврзување на PIR сензор
« Reply #4 on 25.12.2011, Sunday, 22:10:54 »
Да, има некои со вградена стабилизација и излез за лед.Сум чул дека повеке греат и побрзу прегоруваат