Овие денешните фломастери се катастрофа во споредба со оние што ги имаше пред десетина години и ретко да најдеш некој доволно добар за правење плочки, во секој случај пред да правиш нешто пробај нацртај со фломастерот неколку линии на некое отпадно парченце пертинакс да видиш дали ќе го биде или не, да не си ја упропастиш целата плочка после.
Растворот во домашни услови најлесно се прави од 2 дела солна киселина (ја има во секоја продавница) и 1-1,5 дел 12% хидроген (го има во секоја аптека), прво во пластичен сад се става киселината, се става плочката во киселината, па се додава хидрогенот.