Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 30.01.2012, Monday, 16:39:43
-
Пред некое време имаше барање за стробо со ЛЕД. Ова шема ја најдов по барање на пријател од еден кафиќ во Велес кој сака на вратата да го има она *OPEN*,кое ке блешти навечер со црвена или сина боја.По шемава направив една проба*во воздух * и шемата функционира.Значи ке правам 4 слова по 10 лед кои ке * блинкуваат* односно трепкаат во брз ритам.Интересно е дека односот сигнал/пауза е одреден со отп.47 К ( идентични се),брзината на блесок со елко 1 МФ,а на пин 5 е поставен потенциометар(или тример) за забрзување или успорување на периодите на блескање. Моментално барам парче црн плексиглас во вид на елипса. ;D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/flashing-led-lights-550x528.png)
-
Пред некое време имаше барање за стробо со ЛЕД. Ова шема ја најдов по барање на пријател од еден кафиќ во Велес кој сака на вратата да го има она *OPEN*,кое ке блешти навечер со црвена или сина боја.По шемава направив една проба*во воздух * и шемата функционира.Значи ке правам 4 слова по 10 лед кои ке * блинкуваат* односно трепкаат во брз ритам.Интересно е дека односот сигнал/пауза е одреден со отп.47 К ( идентични се),брзината на блесок со елко 1 МФ,а на пин 5 е поставен потенциометар(или тример) за забрзување или успорување на периодите на блескање. Моментално барам парче црн плексиглас во вид на елипса. ;D
Дали ке може на една буква да не бидат 10 диоди туку пример 8,9 или пак 11,12 лед диоди?
-
може колку сакаш да бидат, само треба да се поврзат по 3 или 4 лед диоди во серија и такви неколку групи да се поврзат паралелно
-
Така е.Треба да бидат 10 низи ,а секоја низа по 4 ЛЕД и отпорник 100 оми.Распоредот на диодите во словата може да биде пожелба (или можности) ,бидејки сите истовремено ке блинкаат .
Споено мислење: 31.01.2012, Tuesday, 13:33:17
И пожелно е сите диоди да бидат исти,да се добие ефект.Ако сакате разни бои треба на 4 ЛЕД со друга боја да го прилагодувате отпорникот за да тече иста струја во сите гранки.
-
односот импулс пауза нема да биде исти 50% 50% за импулс ќе биде 47+47к а за пауза само 47к бидејќи кондензаторот се полни низ двата отпорника а се празни низ едниот додека се полни е импулс а додека се празни е пауза
Споено мислење: 17.02.2012, Friday, 19:32:18
Импулс 0.693*(R1+R2)*C
Пауза 0.693*R2*C
T (импулс +пауза)
F Hz 1/T или 1.44/(R1+2R2)*C
D.C. R1+R2/R1+2R2 %
-
Па да ,ама ова е флешер( блинкер) а не мигавец,Да беше мигавец ке требаше друго подесување,ама овде се бара диодите да * блинкуваат* 8)
-
Има некој изработено ППК за ова шема ?
-
мееех...за ова не ти треба плочка, може и на универзална плочка да се направи...
-
Јас сакам да го изработам на печатена бидејќи таква имам сега ;D универзална во Штип малце потешко. Ако има некој сепак нека ја постави :)
-
Еве изглед на универзална УНИ-2 плочка од НТ Велес,па на неа можеш даго направиш уредот.Само стави ја монтажната и другите да ја видиме.
-
Ако има време некој нека нацрта нешто набрзина
-
Јас сакам да го изработам на печатена бидејќи таква имам сега ;D универзална во Штип малце потешко. Ако има некој сепак нека ја постави :)
Универзална плочка имаш во РИЕМ :D
-
Еве изглед на универзална УНИ-2 плочка од НТ Велес,па на неа можеш даго направиш уредот.Само стави ја монтажната и другите да ја видиме.
Се извинувам не сум ја постирал плочката.Има доволно место за се освен за транзисторот кој се монтира на мал ладилник и се монтира со плочката во пластична кутија,заедно со напојувањето .Диодите се монтираат на самиот плексиглас и со жици се поврзани со плочката.Димензии на плочката се 5х3 см
-
Јас сакам да го изработам на печатена бидејќи таква имам сега ;D универзална во Штип малце потешко. Ако има некој сепак нека ја постави :)
Универзална плочка имаш во РИЕМ :D
Мислиш дека има ?