Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 26.03.2018, Monday, 05:25:51

Title: Метал детектор со НЕ555
Post by: batka on 26.03.2018, Monday, 05:25:51
Ова е проверена шема ако ви треба да откривате водови во ѕидот или слично. Калемот е 30-40 намотки 0,3 мм лак жица на феритна антена со должина десет сантиметри.Гледајте да не бидат плочката и калемот преблизу. Стандардно звучник или капсула од слушалка , што имате. Шемата ја направи мој комшија и денес ми се фали, шета по улаз и бара по ѕидот каблови. ;D И да напоменам со 555 -ка е ( морам вака да ги трошам!)
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: DX-er on 26.03.2018, Monday, 13:17:51
Го имам налравено овој детектор пред 7-8 години и функционораше.
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: batka on 26.03.2018, Monday, 15:34:04
Гледам фабрички продаваат по 500 денари, а овде нема ниту 1 евро материјал.
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: bicikle on 26.03.2018, Monday, 16:52:37
Под напон кабли или и неактивни лоцира?
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: batka on 26.03.2018, Monday, 20:23:04
Да, реагира на кабли бакарни под малтерот  на некои 5-10 см.Само калемот што поблизу до ѕидот да биде.
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: bicikle on 26.03.2018, Monday, 21:41:20
А за прекината жица чаре? Али да отворам тема?
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: DX-er on 26.03.2018, Monday, 22:41:08
А за прекината жица чаре? Али да отворам тема?
Мислам дека треба друг склоп за тоа. Уствари отвори нова тема па ке бараме решение.
Title: Re: Метал детектор со НЕ555
Post by: batka on 26.03.2018, Monday, 23:44:08
Овој уред реагирана метал, значи не бара прекини во водовите.Ако е водот под напон реагира од подалеку, односно е со поголем домет.Воглавном со него се бараат водови во малтер, под плочки, ламинат...