Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 02.05.2010, Sunday, 19:53:45

Title: Напојување од тек на струја?
Post by: MarkoMK on 02.05.2010, Sunday, 19:53:45
Здраво. Јас сум нов член на форумов, електрониката ми е хоби па сакам да поставам едно прашање.

Имам изработено IR далечинска контрола и ја користам за палење и гаснење на сијалици. Се си функционира добро, но, (нели, тежиме кон совршено:) сакам целокупната електроника да ја сместам во прекинувачот од сјалицата. Проблем е напојувањето. Како да добијам напон од двете жици кои доаѓаат до прекинувачот?

Имам некоја идеја со трансформаторче кое ќе биде струен трансформатор, кој додека тече струјата ќе полни некоја батерија.. ама малце сложено ми изгледа, а незнам и дали е можно.

Некое мислење??
Title: Одг: Напојување од тек на струја?
Post by: BorceBT on 02.05.2010, Sunday, 20:11:04
Има и поедноставно решение но мора да ја видиме шемата (стави ја овде) за да може да ти најдеме решение. Решението вклучува употреба на падот на напонот на тријакот при вклучувањето на светилката но мора да ја видиме шемата за да може да ја додадеме таа работа.
Title: Одг: Напојување од тек на струја?
Post by: didy on 26.06.2010, Saturday, 20:48:53
Здраво
секако додека е исклучена светилката ти добиваш 220 волти и во тој временски интервал(дење) може да се полни батерија за склопот.
Title: Одг: Напојување од тек на струја?
Post by: BorceBT on 26.06.2010, Saturday, 20:54:27
Нека ја стави шемата за да можеме да доцртаме на неа каде да стави отпорник, зенер диода и кондензатор кој ќе ја игра улогата на батерија која ќе се полни :)