Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: nsu on 23.11.2013, Saturday, 17:33:14

Title: Ласерска диода од CD режач
Post by: nsu on 23.11.2013, Saturday, 17:33:14
Колеги ако може само едно прашање значи отворив двд ром и му ја извадив ласерската диода која е со 3 пина на првиот и на третиот пин поврзав напон од мојот стабилизиран извор на напојување вредноста на напонот беше два волти и ласерската диода светеше не светеше јако бидејќи јас и ѓи имав извадено двете леќи тоест нели едната е леќа за одбивање а другата е призма.Добро таа си работеше но потоа кога од ЦД режачот ја извадив ласерската диода таа нејќеше да свети ич а ја поврзував исто како горно наведеното.Го зголемив малку напонот до пет волти но таа не светна.Можно е прегорена.Е сега мое прашање е како омски да ја измерам дали е исправна.Мерев со мултиметар уклучен на диодно подрачје не покажуваше ништо мултиметарот.Коментар за ова дали треба така или не.Инаку имам и ДВД режач но пред да му го извадам ласерот јас сакав да се пробам со овие послаби ласерски диоди.Инаку сум чул дека кога со оптиката ќе се фокусира светлината од диодата од ДВД режачот бидејќи е таа јака ќе гори нели така реже.Е сега знам дека ќе ми треба драјвер.Драјвер имам тоест има доста шеми на интернет.Е сега ако може да ми одговорите на моето прашање за омското испитување.Благодарам однапред.И благодарам за разбирањето. ;) ;)
Title: Одг: Ласерска диода од CD режач
Post by: DX-er on 23.11.2013, Saturday, 17:44:52
таа другата диода вероватно ти  е прегорена, многу и е 5 волти, тие како што знам работат на 2 или 2,5 волти.
Title: Одг: Ласерска диода од CD режач
Post by: nsu on 23.11.2013, Saturday, 17:53:29
Да како и што си мислев несакајќи ми беше пуштен стабилизаторот на пет волти светна и се угаси чао пријатно толку и било.Кога ќе го растурам пак двд режачот кој ми е скоро како нов ќе ви пишам што како и дали треба некоја помош.Благодарам за одговорот Dx-er.Само ме осигуравте во тоа што мислев. ;D ;D ;D