На почетокот на годината 2012 почина ценетиот радио-аматер,професор др Божо Метзгер,еден од најценетите познавачи на радио-техниката и електрониката на просторите на Балканот.Сите го признаваат неговиот огромен придонес за развојот и приближувањето на радио-конструкторството до младите и неговиот допринос во практиката на електроничарите на просторот на бившата Југославија и пошироко.Неговата книга - бетселер * Прирачник за радио-аматери и техничари * ,која доживеа пет изданија , е библија за радио-аматерите и електроничарите-конструктори. На едно место ,на преку 500-600 страници е собран огромен материјал,шеми,совети,искуство,кое несебично авторот го поделил со генерации и генерации аматери,техничари и конструктори.Се гордеам што и лично го познавав овој мирен,сталожен и ведар човек кој ја сакаше Македонија и Македонците.Слава му,а за сите вас кој ја сакате електрониката и радио-техниката еве линк,за да ја превземете слободно неговата книга и да прочитате и научите нешто:
http://www.filecatch.com/?q=dr+bozo+metzger