Author Topic: Како станавте радиоаматери?  (Read 1765 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Како станавте радиоаматери?
« Opened on 04.11.2015, Wednesday, 20:41:23 »
Од почеток не знаевме што се радиоаматери, но на крајот тоа станавме. Секого од нас нешто го натерало да се посвети на ова хоби кое за многу од нас е пасија. Секој од нас има различна приказна како станал радиоаматер. Не е ништо спорно да си кажеме кои се нашите почетоци. Ете ќе почнам јас.

Во 1985-та година татко ми набаве две рачни радиостаници марка Autophon. Големи како тули. Негов близок пријател работеше во таа швајцарска фабрика. Колку што се сеќавам илегално беше да се поседува тој тип на станици, бидејќи Autophon беше фабрика во државна сопственост на швајцарија. Таа фабрика произведуваше телекомуникациска опрема, радиостаници за војска, полиција, радарски системи и така натаму. Преку воз беа некако внесени во Македонија.
Тоа беа едноканални радиостаници и имаа голем домет. Тоа беше некаде 1987 година кога прв пат во рака имав една од нив. Тука не фаќаа ништо, кој знае на која фреквенција беа но добро беше дека беа две станици.
Долго време се дружев со тие станици. Во 2000 рикнаја батериите а пред тоа многу пати без антена ги пуштав. станиците завршија во ѓубре во 2003-та
Во 1999-та година во војска се килавев со RUP-12 цела обука. После обуката во Велес, добив прекоманда на караула Богородица во Гевгелија. Редовно одржував радиоврски со битолскиот корпус преку радиоуредот UKT-FM 66/17.
Во 2003та година се запишав на курс за радиоаматери во радиоклубот Стево патакот во Битола. Истиот го завршив, но не бев нешто посебно активен. Пак набавив две радиостаници и без лиценца илегално се занимавав со тоа. Купив КТ радиостаница од Охрид, но и тогаш не бев лиценциран. Свесен бев дека конечно морам да се лиценцирам бидејќи имав желба и потреба да станам радиоаматер. Од 2009-та сум лиценциран  :)

кажете нешто и за вас
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Како станавте радиоаматери?
« Reply #1 on 04.11.2015, Wednesday, 21:14:38 (Edited 04.11.2015, Wednesday, 21:24:14) »
Уште од пред повеке години посакав да имам своја станица и да зборувам со други луѓе, но кога ке ми кажеа теба да полагаш испит и да добиеш дозвола па тек тогаш можеш да зборуваш преку радио станица, ми доаѓаше мисла од типот: ајде кој ке се зае*ава,  многу процедури, па треба да се учи па да се полага, па дали ке положам и се се пишманев. После си играв со ФМ предавателчиња кои секако ги користев на вештачки отпор бидејки да емитуваш на ФМ преку антена не е баш добра идеа, уствари забрането е. Некаде во Мај 2011 год. членот Горан (go4o) ми спомна дека планира да учи за радиоаматер, по неколку дена ми кажа дека ке иде во Скопје да полага. За кратко време ми кажа дека положил и чека да му стигне дозволата, се убаво и детално ми објасни како иде процедурата чекор по чекор за да станам радиоаматер. Голема благодарност до него за тоа што ме охрабри и ми даде волја да пробам. Ги преснимив прашањата со одговорите и додека бев на одмор во Август 2011 во Паралија си ги читав прашањата после плажа. Кога се вратив дома во Скопје ми се јави човекот од АЕК, не знам како се викаше (мислам Никола) и ми спомна дека ке има полагање дури во Октомври, потоа ми излезе пак да идам на одмор на Тасос, па ајде пак си ги повторував прашањата. Кога се вратив дома веке по некој ден отидов на полагање. Полагавме во АЕК центарот на Зајчев рид во Скопје, тамо беше Диме кој е секретар во РСМ, Ратка од АЕК и уште неколку други луѓе од АЕК. Сите што бевме да полагаме бевме почастени со сокови и грицки и односот на вработените кон нас беше многу добар и беа многу љубезни со нас, дури после еден од вработените (мислам Никола се вика) баш ми рече дојди по некогаш на кафе кај нас во АЕК. Навистина нешто фасцинантно, едноставно беа добри како да ни се родители, ептен супер луѓе.
Некаде дури кон крајот на 2013 год. од Лордзи купив радио станица Kenwod TH78E но поради работни обврски во тоа време и немав ич време да направам напојување за истата. Во Август 2015 нарачав преку интернет радио станица која при крај на Август почнав да ја работам, првиот контакт ми беше преку R6 Бреза со радиоаматер од Банско - Бугарија, кој случајно се имаше уклучено на наш репетитор, а пак јас мислев дека сум се уклучил на српскиот на Бесна кобила. Потоа со адаптирав едно напојување и ја пуштив станицата од Лордзи која е одлична станица. Потоа преку радио врска почнав да запознавам доста радиоаматери од Скопје, Прилеп, Тетово и Кавадарци.

АЕК се покажаа како исклучително големи пријатели, дури ми пратија писмо да одам на нивни состанок на гратски саем во Скопје, кога отидов тамо се изненадив, која чест ми пружиле, бев во друштво се со менаџери и директори од телеком, вип, оне, т-мобиле, неотел и сл. се господа а јас обичен човек радиоаамтер после имаше богат коктел.

Повторно ми стигна посмо од АЕК со цел да помогнам со совет нешто околу работата на агенцијата ако не се лажам, не ме зимајте за збор не се сеќавам.

Забегав малце со муабетов ама ај уште ова да ви го кажам.

Извинете ова што ке го пишам со големи букви,

ПОТЕНЦИРАМ, СЕКОЈ ШТО ИМА ЉУБОВ КОН РАДИОАМАТЕРСТВОТО СО ОВА САКАМ ДА ГО ОХРАБРАМ ДА ПОЛАГА И ДА СТАНЕ ЛИЦЕНЦИРАН РАДИОАМАТЕР. НЕКА НЕ СЕ ПЛАШИ! СЕ ШТО ТРЕБА КЕ ПОМОГНЕМЕ, САМО ИМАЈТЕ ЖЕЛБА И НИШТО ДРУГО.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: Како станавте радиоаматери?
« Reply #2 on 05.11.2015, Thursday, 00:12:38 (Edited 05.11.2015, Thursday, 00:14:57) »
Еве да кажам нешто и за мене.

Одамна сум по радио техниката и често правев буби и помали предаватели и уживав во нивното тестирање. Никогаш не помислив дека можеби треба да станам радиоаматер во тоа време. Едноставно времето беше такво што секогаш тоа го одложував...ајде ќе биде некој ден и тоа си велев.

Послем некое време ја баталив радио техниката и воопшто електрониката морам да речам затоа што испаднаа други случувања па реално морав да се насочам кон програмирањето и комјутерската работа што всушност и ми е официјална струка и тоа е мојот day job да речам.

Некаде кон крајот на 2014 година интересот за електроника и радио техника се појави пак, но сега бев уверен дека треба да биде се по ред, односно дека треба да имам дозвола и да бидам радиоаматер. Увидов дека самиот процес на полагање не е тежок воопшто и реално голем дел од знаењата потребни за тестирањето веќем ги имав.

Проблем ми беше да најдам веќем активен аматер во Прилеп кој би ме воведол во целиот процес зошто сепак работа на станица беше новина за мене. Кон веќем активен аматер во Прилеп (Z32KF) ме упати Z31GH и сум благодарен за тоа.  За моја среќа баш во тој период активноста на прилепскиот радио клуб “Никола Тесла“ беше обновена и бев прифатен во него. Самото полагање беше лесно и помина одлично.

Купив и станица од интернет, и веднаш увидов дека сепак треба и антена да имам подобра, и кабел да купам добар и се по ред и нормално прибирам се ова по полека ама тоа се пари за ќеф дадени па не ги сметам во трошкови.  ;)

Од тогаш направив значителен број на контакти од кој првиот ми беше со Z31GH симплекс на релација Прилеп - Битола.



Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Како станавте радиоаматери?
« Reply #3 on 05.11.2015, Thursday, 13:10:32 (Edited 05.11.2015, Thursday, 13:13:39) »
Е па ајде :)
Кај мене може да кажам дека ова е фамилијарно хоби. Татко ми ми беше чуден кога со една црна кутија знаеше да седне да си заигра со некое чудно титкање, а јас кога ќе ја земев таа кутија најинтересно ми беше да глумам дека е некоја сирена. Всушност се работеше за тастер-зујалица која имаше потенциометар за менување на фрекфенцијата на тонот и морзеовата азбука беше напишана одозгора. Подоцна кога дојдов до еден професионален пешак-тастер (Ј-38), таа кутија ја користев како зујалица и ги носев по натпревари.
Мајка ми (тогаш Z34BBA) во тој период (1994 - имав десетина години) беше член на ИО на РСМ и сите патувања кон Скопје за било што завршуваа во Народна Техника на Македонија и во РСМ со многу интересни чичковци кои стално викаа некое зулу, некаква си америка, индија и се собираа на ракија додека да биде готово кафето во една барака каде што е денес седиштето на НЛБ Тутунска.
Народна Техника од Берово во тој период беше позната по курсевите по радиотелеграфија кои траеја од декември до јуни, а се држеа секој вторник и петок од 17 часот. Се сеќавам дека после првиот час сакав да не се вратам повеќе. Бев најмал таму и сите ме зафркаваа :) Зошто се вратив не знам, зошто продолжив исто така не знам. Дома веќе имавме УКБ уред Ft227RB и рачен Kenwood TH22e, подоцна и Alinco DR130e. Па почнав првин да се јавувам со знакот на татко ми со наставка junior. Z34LPB/Junior. Кога почнав со курсот го користев клупскиот знак Z37FDM. После завршување на курсот единствено ме интересираше ХСТ. Инаку испробав се што можеше тогаш како дисциплина во рамките на радиоаматерството - ХСТ, АРГ, АРК дури идев со екипите на Собири на РМЗО.
Во 1998 почнав прв пат да работам на КБ од клубот. 2001-ва бев со екипата која беше на Светското првенство во ХСТ и редовно вежбав до кај 2004. Следуваше пауза од 10-тина години кога лани конечно обновив лиценца за работа и се активирав како Z33RW :)

И тоа е... Не знам што повеќе, можеби и ова е многу :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За мене сум пишувал повеќе пати,ама сега само нешто ке додадам.Далечната 1972 г. бев во Пула,град на Јадран,во Хрватска и таму во склоп на  тој извиднички логор имаше курсеви,меѓу кои беше и телеграфијата,ама и извидничкиот курс на кој за прв пат направив еден електронски уред викан кристален детектор.Во Велес имаше клуб,големи радио-аматери,ама слаба активност.Јас веќе 1974 г. скоро сам работев во клубот и тоа до 1980 г. кога преминав во Ск.,па потоа во Куманово каде едно време бев многу активен 8). Во тоа време положив и тогаш на 2 класа ,професионална и едно време бев и професионално ангажиран .Учев од најдобриот -Петар Крајчев,мислам дека беше најдобриот македонски радио-аматер на сите времиња.Со него соработував скоро 15 години,дури и кога здравствено не беше добар,па јас ги реализирав неговите замисли.По неговата смрт,радио-аматеризмот во Велес падна,клубот го нема и нема ни интерес и подмладок. Не е проблем ни за уреди,и простор ке се најде,ама нема луѓе за работа.
И сега ,да не се навреди некој од помладиве - ама радио-аматер без познавање на телеграфија и поминати месеци и години на 3,5 Мхз  и одржани барем 1000 CW врски,без конструкторски познавања на уредите,антените и додатната опрема, не бидува!  Порано се почнуваше со конструкторство,па телеграфија ,па стануваш *novice*,за да станеш прво клубски,а потоа личен оператор.А не полагање со 50 научени прашања!!
Лично,немам веќе време за ова хоби,иако би можел да помогнам,ако во Велес се соберат дечки кои би биле заинтересирани за работа!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Како станавте радиоаматери?
« Reply #5 on 06.11.2015, Friday, 01:00:45 (Edited 06.11.2015, Friday, 01:12:21) »
Како што спомнав во војска бев многу поврзан со радиостаници, како во Велес, така и во Гевгелија на караула Богородица. Знам дека ова не е фејсбук и речиси никој не постира слики, но и овојо пат ќе направам еден исклучок и се надевам нема да има забелешки. Во војска бев оператор на три радиостаници, RUP-12 и UKT-FM 66/17, додека рачната Motorola Radius P-210 ја користев како водач на тим во гранична патрола. RUP-12 претежно ја користев кога имавме вежби и симулации на воена состојба.



Јас сум долу на средина, пред мене RUP-12. На оваа слика се заеба*авме, но ете остана еден убав спомен кој за мене беше вовед во светот на радиотехниката.

Да не бев радиооператор во војска, може никогаш немаше да постанам радиоаматер.  
Hams do it! With Frequency