Да споделам нешто од денес што многу пријатно ме изненади.
Шетав на планината Водно кај Скопје, и кога почнав да се симнувам надоле после втората кривина решив да видам дали ке досегнам со станицата до некој подалечен репетитор.
Видов дека Р2 ми враќа, односно го отворам. Почнав да викам и ми се јави радиоаматер од Ниш кој беше на Р2. Го слушав убаво, може беше Q4,5. Го прашав кој е овој репетитор и ми рече дека е на Копаоник и дека ме слуша Q4 односно со солиден сигнал. Снагата ми беше 5W, но според неколку радиоаматери што вршеле мерење на истата станица таа е 4W.
Да не заборавам, да го поздравам мојот пријател Ивица од форумот кој ми даде идеа дека ке го отворам репетиторот на Копаоник.
Не знам точно каде е лоциран репетиторот на Копаоник но сепак далечината е некаде меѓу 150 и 155km.
Ако некој ја знае точната локација нека пише.
Потоа слушав и некои бугари зборуваа, но неможев да заклучам дали беа уклучени на српскиот Р2 или пак слушав некој бугарски Р2. Пробав да воспоставам контакт но не ми одговорија ништо.
Во спат само да кажам дека се појавуваше сигнал со некое титкање на некои си 5 секунди на фрекфенција на Р1, но кога пробав да го отворам, репетиторот не реагираше на мојот сигнал, вероватно е некој далечен репетитор.
Према
http://ham.pirot.org/
Р1 има најблиску во Црна гора.