Author Topic: Дали напонот на секундар зависи од струјата низ него?  (Read 8646 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Како што кажав , Ако имаме трафо со моќност 60W и напон на излез од 12 волти тоа значи дека тоа трафо на излез може да даде струја највеќе до 5 Ампера . Во ниеден случај ако на трафото поврземе потрошувач кој бара напон од 12 и струја на пример не повеќе од 5 ампера напонот на трафото нема да биде поголем . Го сваќам Маки што сака да каже , но не е така , Што ако , поврземе трафо за засилувач кој во празен од има поголем напон од тоа што треба ( 5 волти например ) ке изгори појачалото !  :D Така да , те сваќам Маки што сакаш да кажеш но не е така зашто трафото во празен од има напон на излез колку што е напишано во неговите спецификации и се така додека не се повлечат од него повеќе од 12 волти , 5 ампера (60W моќност) , Кога ке се повлече струја повеќе од 5 ампера , тогаш ке падне само напонот на трафото но во ниеден случај трафото нема да покаже повеќе од 12 волти  8) ;)
грешка си даниел, трафото во празен од ќе има многу поголем напон од тој декларираниот, а декларираниот напон ќе се постигне кога трафото ќе се оптовари со некој оптимален потрошувач за таа моќност на тоа трафо, но ако се стави потрошувач кој влечи повеќе од тоа што може да даде трафото ќе падне напонот, проста електротехника :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали напонот на секундар зависи од струјата низ него?
« Reply #16 on 25.07.2012, Wednesday, 12:40:13 (Edited 25.07.2012, Wednesday, 12:46:20) »
@ Maki гледам сакаш да бидеш конструктивен и да помогнеш на колеги кој недоволно ја познаваат проблематиката ( можеби и јас спаѓам во нив), и сега би те замолил да ме цитираш каде јас сум напишал децидно дека напонот во секундарот не зависи од струјата која тече низ намотката.

Тачно,ти нигде не напиша дека напонот низ секундар не зависи од струјата,али секој твој пост иде у тој правец- ги оспоруваш моите мерења (без основа!) и поставуваш неколку прашања у тој правец,како ова последново:
Ако си убеден одговори на следното- Трансформаторот е со моќност од 100 VA (W) напонот на секундарот е 24 V и на тој секундар се приклучува потрошувач од 80 W (со деклариран приклучен напон од 24 V на тој исти потрошувач да речеме сијалица од автомобил), колку ќе биде падот на напонот ?
Да ти одговорам на ова прашање:направи сам мерења на 100W трафо и самиот увери се дека напонот на секундар ќе зависи од снагата на потрошачот,ќе биде близу 24Vac за потрошач од 80W до 100W, а ќе биде повеќе од 24Vac за потрошачи со снага помала од 50W.

Споено мислење: [time]25 Јули 2012, 11:45:41[/time]
Другпат кажи дека збориш за DC напон  :D  ;)

Не сум зборел ниту можам да зборам за DC напон на трафо,трафо не може да даде DC напон на секундар.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да ти одговорам на ова прашање:направи сам мерења на 100W трафо и самиот увери се дека напонот на секундар ќе зависи од снагата на потрошачот,ќе биде близу 24Vac за потрошач од 80W до 100W, а ќе биде повеќе од 24Vac за потрошачи со снага помала од 50W.

Од моето досегашно искуство, сметам дека bold-ираниот дел од текстот е делумно точен. Да, можно е да биде поголем, но не многу. Најчесто ќе биде неколку стотици миливолти поголем до кај 0.5, 0.6V, во принцип, ништо сериозно. Само ќе напоменам дека оваа констатација се однесува на добро дизајнирано трафо и негова добра практична изведба, не за некои кинески трансформаторчиња.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: Maki
Тачно,ти нигде не напиша дека напонот низ секундар не зависи од струјата,али секој твој пост иде у тој правец- ги оспоруваш моите мерења (без основа!) и поставуваш неколку прашања у тој правец,
Со каков инструмент го мереше напонот и дали твојот инструмент ја мери максималната , средната или ефективната вредност на напонот?
Quote from: Toma
Quote
како ова последново:
Ако си убеден одговори на следното- Трансформаторот е со моќност од 100 VA (W) напонот на секундарот е 24 V и на тој секундар се приклучува потрошувач од 80 W (со деклариран приклучен напон од 24 V на тој исти потрошувач да речеме сијалица од автомобил), колку ќе биде падот на напонот ?
Тоа прашање беше поставено за i_ivica!

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали напонот на секундар зависи од струјата низ него?
« Reply #19 on 26.07.2012, Thursday, 00:30:43 (Edited 26.07.2012, Thursday, 00:35:27) »
Quote from: Maki
Тачно,ти нигде не напиша дека напонот низ секундар не зависи од струјата,али секој твој пост иде у тој правец- ги оспоруваш моите мерења (без основа!) и поставуваш неколку прашања у тој правец,

Со каков инструмент го мереше напонот и дали твојот инструмент ја мери максималната , средната или ефективната вредност на напонот?

??? ??? ???   ::) ::) ::)   :o :o :o
Свесен ли си што си напишал??

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Објасни ми, јас реков дека сум од оние ...
Quote
@ Maki гледам сакаш да бидеш конструктивен и да помогнеш на колеги кој недоволно ја познаваат проблематиката ( можеби и јас спаѓам во нив)...
 
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Почитувани,

Околу полемиката за излезниот секундарен наизменичен напон на трансформатор во зависност од оптоварувњето: од без оптеретување (во празен од), оптеретување помало во оснос на неговата декларирана снага, и оптеретување проближна/блиска на неговата декларирана снага, би сакал да нагласиме и појасниме:

Трансформаторите се далеку од идеални електронски/електрични елементи/компоненти од она што сме го учеле (било каде од средно до факултет). Треба да ги гледаме со сите нивни мани/недостатоци.

Како и секој друг извор на електрична енергија, и како и другите елементи во електрониката (пример како електролитските кондензатори), тие имаат внатрешни (ефективни) отпорности, загуби, и сл.

Поради нивната ефективна внатрешна излезна отпорност, нормално е под поголемо оптеретување да им опадне повеќе излезниот напон.

Како внатрешна излезна ефективна отпорност не влегува само "омската"/"еднонасочна" отпорност на жицата намотана во секундарот. Ако трансформаторот го гледаме како пренесувач на енергија, а неговото јадро е некој медиум кој може да апсорбира енергија од примарот и ја пренесе на секундарот, и самото јадро се ефектуира како ограничувач на тоа колкава енергија ќе може да пренесе...

P.S.
Коментарите ми се цело време за: секундар со мерење на наизменичен напон при директно поврзан омски потрочувач на секундарот. Не коментирам за после исправувач (грец+кондензатор). Не коментирам за тоа колку малку или многу: напонот на секундар е повисок од декларираниот номинален напон при празен од, или дека ќе опадне при средно или целосно оптеретување.

Поздрав,
mkfe.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали напонот на секундар зависи од струјата низ него?
« Reply #22 on 26.07.2012, Thursday, 03:31:55 (Edited 26.07.2012, Thursday, 03:40:16) »
Објасни ми, јас реков дека сум од оние ...
Quote
@ Maki гледам сакаш да бидеш конструктивен и да помогнеш на колеги кој недоволно ја познаваат проблематиката ( можеби и јас спаѓам во нив)...
 

Ајде нека ти биде,ќе објаснам за ова:

Quote from: Maki
Тачно,ти нигде не напиша дека напонот низ секундар не зависи од струјата,али секој твој пост иде у тој правец- ги оспоруваш моите мерења (без основа!) и поставуваш неколку прашања у тој правец,
Со каков инструмент го мереше напонот и дали твојот инструмент ја мери максималната , средната или ефективната вредност на напонот?

Со ова прашање сакаш да ги оспориш моите мерења.Зашто??
Мерев со дигитален мултиметар.Исти резултати ќе беа и да мерев со аналоген волтметар.Или ти мислиш поинаку?
Уопште не е битно дали мојот инструмент мерел максимална, средна или ефективна вредност на напонот,инструментот стално мери исти тип (макс., или среден, или ефектив.) на вредност на напон.Инструментот ми покажа различни измерени напони (од исти тип!) на секундар при различни струи низ секундар и со тоа е докажано моето тврдење.А ако ти мислиш дека нешто сум погрешил,може ли да кажеш што сум погрешил?

Ако се знае еден тип на вредност на напонот (максимална,средна или ефективна),со едноставни формули еднозначно се добиваат другите два типа вредности на напонот,па свеедно е кој тип на вредност (максимална,средна или ефективна) на напонот е измерена.
Скоро сите волтметри и мултиметри мерат ефективна вредност на напонот.У штекер у зид имаш 230V ефективен напон.

Кога веќе бев толку фин да ти одговорам на прашањата,дали ти би бил исто така фин да ми одговориш дали ти ги оспоруваш мерењата што сум ги направил, или не?Ако не,зашто ги поставуваш овие прашања?А ако ги оспоруваш моите мерења,може ли најпосле да прочитаме од тебе што е тоа што сум погрешил?

Offline i_ivica

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
Ако си убеден одговори на следното- Трансформаторот е со моќност од 100 VA (W) напонот на секундарот е 24 V и на тој секундар се приклучува потрошувач од 80 W (со деклариран приклучен напон од 24 V на тој исти потрошувач да речеме сијалица од автомобил), колку ќе биде падот на напонот ?

Еве го одговорот: За да можеш точно да пресметаш колкав ќе биде напонот на секундарот ќе ти требаат многу повеќе параметри од овие дадените, а и верувам дека не е така едноставна пресметката.
Во најдобар случај, ако ја земеме само загубата во секундарната намотка, поради нејзината импеданса, за секундарниот напон може да напишеме:

U = E - I*Z

I = E/(Z+R)

U - напон на секундар
E - индуциран напон или напон во празен од
I - струја низ потрошувачот
Z - импеданса на секундарната намотка
R - отпор на потрошувачот

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
 
Quote
Trolko на 24 Јули 2012, 18:20:14
Се разбида дека напонот на секундарот зависи од струјата која што протекува низ него
Значи напонот на секундарот не зависи само од струјата која што протекува низ него!
Значи има и некои други релевантни параметри !
Така ли треба да се разбере ?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали напонот на секундар зависи од струјата низ него?
« Reply #25 on 26.07.2012, Thursday, 15:18:44 (Edited 26.07.2012, Thursday, 15:20:18) »
Quote
Trolko на 24 Јули 2012, 18:20:14
Се разбида дека напонот на секундарот зависи од струјата која што протекува низ него
Значи напонот на секундарот не зависи само од струјата која што протекува низ него!
Значи има и некои други релевантни параметри !
Така ли треба да се разбере ?

Не,не треба така да се разбере.
Жити све,откаде од реченицата „напонот на секундарот зависи од струјата низ него“ (X зависи од Y) измисли дека тоа значи „напонот на секундарот не зависи само од струјата низ него“ (X не зависи само од Y)?  ??? ??? ???
Осим проблематиката на електротехниката, да не спаѓаш ти у оние кои недоволно ја познаваат и проблематиката на логиката?

Објасни ми, јас реков дека сум од оние ...
Quote
@ Maki гледам сакаш да бидеш конструктивен и да помогнеш на колеги кој недоволно ја познаваат проблематиката ( можеби и јас спаѓам во нив)...
 

Спаѓаш,спаѓаш..

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
@Maki ти благодарам што си зеде за право да одговориш во името на i_ivica и да ми објасниш дека „напонот на секундарот зависи од струјата низ него“ кое го имаш напишано лично а i_ivica напиша и некои други параметри
Се разбида дека напонот на секундарот зависи од струјата која што протекува низ него.
Така е,али ајде убеди ги Daniel Spasovski, Toma и i_ivica.
еве овде http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9095.msg80069#msg80069
@Maki ти благодарам што постави точна дијагноза
Quote
@ Maki гледам сакаш да бидеш конструктивен и да помогнеш на колеги кој недоволно ја познаваат проблематиката ( можеби и јас спаѓам во нив)...
 

Спаѓаш,спаѓаш..
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Тоа што го кажува Маки , нема врска , сега мерев едно трафо 12 волти и на излез покажа 11 волти наизменичен напон а како што кажува он требало да ми покаже барем 14 волти ... Е кога веќе му ставив грец , тогаш па покажа 9 волти ... Но кога му ставив 4 кондензатори по 3300uF тогаш напонот се крена на 14 волти ...  ;) И сето ова мерење без оптеретување ... Што ке кажеш сега Маки ??? Или сега сите твои теории паѓаат во вода ??????

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Тоа што го кажува Маки , нема врска , сега мерев едно трафо 12 волти и на излез покажа 11 волти наизменичен напон а како што кажува он требало да ми покаже барем 14 волти ... Е кога веќе му ставив грец , тогаш па покажа 9 волти ... Но кога му ставив 4 кондензатори по 3300uF тогаш напонот се крена на 14 волти ...  ;) И сето ова мерење без оптеретување ... Што ке кажеш сега Маки ??? Или сега сите твои теории паѓаат во вода ??????

даниеле...знаеш ли барем зашто кога си ставил грец покажал 9V, и после со ставање на кондензаторите покажал 14V??
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Дали напонот на секундар зависи од стр&#
« Reply #29 on 26.07.2012, Thursday, 21:43:22 (Edited 26.07.2012, Thursday, 21:52:03) »
И ја се зачудев , ама тоа е ... Сега 100% мислиш дека незнам да мерам али нема везе ... :D  Aма сигурен сум дека  е затоа што само го претворив АC напонот во DC напон и кога му ставив 4x3300uF кондензатори тогаш се поткрена на 14 волти :)