Author Topic: Помош и консултација околу пад на напон на напојувачка мрежа (230V)  (Read 9169 times)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
И јас да кажам нешто
Согласностите од поодамна за еден нормален куќен приклучок се даваа на 1,5kW за монофазен приклучок и 3 kW  за трифазен, додека беше ЕСМ, е сега бројките се поголеми,за едновремена моќност се работи, а тоа со трафото и НН мрежа е друга слика.
За ЕСМ воопшто не се гледаше за стандардни приклучоци, а сега ако не е задоволен падот на напон и струја на куса врска нема приклучок, а од август лани ако не си во ДУП (детален урбанистички план) нема стандарден приклучок, се оди на твоја сметка за реализација на приклучокот по сите ЕУ стандарди, а ако си во ДУП ќе се гради и трафостаница и НН мрежа, а плаќаш како стандарден приклучок околу 500 Еура за до 40kW едновремена снага и пад на напон до 5 % во ЕУ е 3% за централно градско подрачје, како оди кон периферија бројката расте, за селски средини може и 10 %
Проблемот ќе го решиш со дислоцирање на работилницата поблиску до трафото, само пиша дека моторот е трифазен со 220 волти, ако е трифазен е 380 волти, а не 220-230 волти. За трифазен ако едната фаза е повеќе оптеретена и е под 200 волти тогаш и стартот е продолжен па ете ти проблеми.
арно си правник земи си пенкалцето, што ти текна за мало стопанство  :)
ЕВН нема да ти го реши овој проблем освен ако можат да ја прераспределат оптеретеноста на сите 3 фази приближно иста кај некои монофазни потрошувачи, за добри снаги постојат индустриски зони каде се инвестира и се исаплати таа инвестиција, не е исплатливо за еден да се реконструира мрежа, ќе се случи и тоа ама кога ќе и дојде ден.
А ти побарај си зголемување на моќност во ЕВН на 17kW едновремена па да видиме колку ќе излезе математиката. само немој да кажеш дека си одалечен од трафото 800 метри. (максимум за самоносив воздушен СКС 70 е 260м.), а ако е кабел подземен може и многу повеќе.

Offline vicikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Eдна работа сакам да потенцирам - доколку човекот сака да нема проблеми со комшии и ако машината е доходовна,односно со неа се заработува ( мало стопанство,дополнителна работа,домашен бизнис...) ,тогаш вреди и 500 ЕУ да вложи,оти да е помалку од 15.000ЕУ,во секој случај.Сепак тој нека си размисли бидејки е свесен дека мора некое решение да се најде.Впрочем доброто решение никогаш не е бесплатно,ама рачунајте дека еден квар на апаратите кај соседите во улицата може да го чини и повеке од 500ЕУ:

500 евра ако го реши проблемот со сигурност нема да ми биде пречка за да ги вложам.


сега мене ме плаши и при пробава по втор пат да не направам беља некоја... преоптеретување на линијата, недајбоже да се запали кабел од мрежата или сл.
порати тоа само еднаш до сега ја имав уклучено и од тогаш не сум ја пуштил повторно.


Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
за да не направиш беља треба пред да го приклучиш на мрежа да поставиш автоматски осигурачи од 25А-Ц тип и ако ти паднат сакал нејќел мора да бараш помош од страна на стручно лице.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
сега мене ме плаши и при пробава по втор пат да не направам беља некоја... преоптеретување на линијата, недајбоже да се запали кабел од мрежата или сл.
порати тоа само еднаш до сега ја имав уклучено и од тогаш не сум ја пуштил повторно.



Како не ти текнало да земеш инструмент и да ги мериш напоните пред почеток и додека работи моторот, за да се знае кое решение е најоптимално
Ќе си станеш наутро во 5 кога нема многу апарати вклучено и ќе си пробаш пак и дали машината има склопки за работа звезда- триаголник?
или е постојано во триаголник мораш да си најдеш електричар што ќе ја одржува машината па тој нека најде решение ако има такво, без да ЕВН е вклучена во тоа.

Offline vicikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
за да не направиш беља треба пред да го приклучиш на мрежа да поставиш автоматски осигурачи од 25А-Ц тип и ако ти паднат сакал нејќел мора да бараш помош од страна на стручно лице.

имам осигурачи на струјата + самата машина си има ормаче со осигурачи.

@didy муабетот со “звезда- триаголник“ да бидам искрен не ми е познато за што точно станува збор. Но самата машина како на сликата претходно која ја постирав има мерачи (на стрелки) за напонот и А.

Утре ќе ја пуштам пак пробно па ќе видам што покажуваат точно при старт и за време на раабота и какви последици остава кај останатите потрошувачи во мрежата.

инаку некој спомна претходно, главниот доводен кабел од трафо до машината (потрошувачот), попатно сосе другите куќи во редот, има грубо околу ~800 метри и се наоѓа над земја.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
нема да си крив ти за проблемите на комшиите, за тоа си е крива ЕВН затоа што на твоите комши не им испорачува она што плаќаат, објасни им ти на твоите комшии кој го имаат проблемот да си се обратат до народен правобранител, ама нека направат нешто како колективна жалба, евн ќе праќа луѓе да ја тестираат мрежата, е сега кога ти нема да работиш мрежата ќе си е ок, ама кога ја уклучиш ти машинта има некоја нестабилна мрежа, треба да ги начекаш ко ќе тестираат да ја вклучиш :D

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
нема да си крив ти за проблемите на комшиите, за тоа си е крива ЕВН затоа што на твоите комши не им испорачува она што плаќаат, објасни им ти на твоите комшии кој го имаат проблемот да си се обратат до народен правобранител, ама нека направат нешто како колективна жалба, евн ќе праќа луѓе да ја тестираат мрежата, е сега кога ти нема да работиш мрежата ќе си е ок, ама кога ја уклучиш ти машинта има некоја нестабилна мрежа, треба да ги начекаш ко ќе тестираат да ја вклучиш :D


Правник е така да си знае што треба да прави, само дали ти би постапил така да си на негово место.
Споровите и проблемите ги решава регулаторна комисија за енергетика така да кај правобранителот има време кога да реагира.
Но кога се изјасни дека должината на трасата на НН мрежа има 800 метри, потребно е нова трафостаница на поблиско растојание. а со кој интерес би се градила?
Дали има регистрирано фирма? дали енергијата ја плаќа како индустриска или домаќинство?
дали има пренамена на просторијата за произвоство или услуга ?
дали има еколошки елаборат, дали загадува, има ли технички прием на објектот, и дали инсталацијата и заземјувањето одговараат за таков вид на објекти??????
има многу прашалници да се средат па да почне процес на “жалба“, инаку се ке биде во вода дури и виновен ќе излезе на крај.
редно е да си најдеш добар електричар да види што понатаму!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
јас веќе постапив така :D
откако евн не игнорираше со колективна жалба до народен правобранител, успеавме да издејствуваме да го поправат трафото и да ја зајакнат малку мрежата, јас имав проблем што и без да уклучам нешто напонот по некогаш паѓаше и под 120V, кога дојдоа да мерат тоа техничарите од евн, беше негде 190-200V, со резултатите од мерењата и жалбата се увиде дека стварно мрежата им е катастрофа :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Послушај го Диди ,тој ги брани боите на ЕВН,па ги знае сите * финти* ;D ;D

Offline Dragan Stoilovski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Твојот мотор за 7,5КW ако работи на 230V(монофазен), т.с работи на една фаза за приватни лица е дозволено до 22KW без да плаќаат индустриска струја решение за него е замена со трифазен кој работи на трифази 380V, кој има можност да работи во ѕвезда-триаголник со тоа ќе се распредели во секоја фаза по 2,5KW, со пуштањето во ѕвезда триаголник струјата се намалува за 3 пати во стартот, и после се префрла во триаголник и си влече некои си 13A струја и со тоа нема да праи проблем ни на твоите соседи ни на тебе, доколку со 13А струја паѓа напонот под 5% имаш право на жалба да ја појачаат мрежата(да стават поблиску до тебе трафо или па старото даго заменат со ново појако, али првото е многу подобра опција). А со 7.5KW на една фаза и плус асинхрон мотор што влече у стартот од 6-8 пати поголема струја е скапа опција и плус требе да плаќаш индустриска струја.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Нели може во моторот да има три монофазни намотки од 220-230 волти, за да биде распределена моќноста на сите три фази ? Не мора да значи дека е на 380-400 волти... ако пишува на самиот мотор 220-230-толку е, и ако по стабилизацијата на работата напонот паѓа на 220 волти(прифатлив напон) значи дека проблемот е во тоа што моторот нема мек старт. И да е на 380в трифазен, сепак ќе има пад на напон додека стартува моторот... доколку на човекот му одговара цена од 500-1000 евра за решение на проблемот, мој совет е да си повика стручно лице, на лице место да го разгледа проблемот и да му постави уред за мек старт, да не испадне после не било мек старт било нешто друго- кога ќе појде соодветна особа на лице место ќе зане сигурно што точно е проблемот, па сопоред предходно предложените решенија да знае што да превземи... Е сега добро ќе биде тој што ќе го мести мекоиот старт(или што и да прави) да ти даде потпис, односно гаранција...

Патем може да ни кажеш за што се користи машината?

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Пази, да не бидам погрешно разбран. Во случајов проблем е линијата и локалниот трансформатор и тоа е 100% така. Самото напојување на едно PC е дизајнирано да ги надмине ваквите појави во мрежата ако е таа ОК. Предлогот за софт-старт уред дојде од причина што ти е неприфатлива интервенција во мрежата бидејќи е скапа. Инаку првенствено софт-старт се користи да го намали почетниот механички момент на трифазен мотор за да не трпат другите компоненти на машината, но како последица се јавува и помало оптоварување на мрежата во тој момент. Тебе ти е ова второво приоритет а не првото. Пример Siemens-овот Sirius софт-старт почетно ја оптоварува межата со само 30% во првите 1 до 10 сек (колку ќе го наместиш). Ако се работи за монофазен мотор (што мислам дека не е случај) софт-старт не доаѓа во предвид затоа што монофазен мотор и така има слаб почетен момент па уште да му го ослабиш. Batka  ти даде одличен предлог да му се јавиш на Пламенчо. Тој е пионер во МК за оваа проблематика и сигурно ќе добиеш соодветен одговор.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Малку не збуни сите.............
Вака сега,монофазен мотор од 7,5kW не постои,максимумот е 2,2kW сега има и до 3kW ама тоа е максимумот.........Тој мотор највероватно е трофазен и е преправан во монофазен,нека не те буни волтметарот што покажува 220 волти тоа е за една фаза.Еден пример ке ти дадам за монофазен мотор од пракса,1,5kW на старт повлекува околу 16 ампера или трипати повеќе од неговата снага.Една фаза неможе да го издржи ова оптеретување.........проблемот можеш да го решиш ефтино ако е така како што предвидувам а по тоа што го даваш како податок мислам дека е така.
Ке се раздели моторот на три фази и ке работи на почеток во звезда,во тој режим работи со помала снага и после 12-15 секунди префрла во триаголник каде е нормалниот режим на работа.Тоа ке го изведеш со едно временско реле а времето треба да го пресметаш и зависи од карактеристиките на моторот.Ова ти е нешто како мекиот старт за кој ти кажуваа колегите само јас мислам дека нема потреба од ова.Вака приклучено ке ти работи и на 200 волти по фаза мрежен напон без да има пречки во мрежата...........
Дарко

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
абе какви 15000 во евра за мотор од 7.5 КВ дали се тие нормални па тој не повлекува повеќе од 15 ампери и ќе работи дури и на 2.5 мм2 пресек(за сигурност треба 4мм2). незнам од кој крај си ама на крај повикај си некој што се разбира да видите што е проблемот и што би требало да се прави.

Не е проблемот само кај него (најверојатно и кај него паѓа напонот), туку и кај комшиите, тоа е вистинскиот проблем.

Ќе си станеш наутро во 5 кога нема многу апарати вклучено и ќе си пробаш пак и дали машината има склопки за работа звезда- триаголник?

Е ова е најпаметна идеја ;). Што и да се случи, сите спијат тоа време, потрошувачката е минимална, така да, и падот на напонот ќе биде мал (најверојатно ќе бидеш единствен кој тоа време полекува толку голема јачина на струја, така да, нема да биде преголем падот на напонот ;)).

Инаку, за оние кои мислат дека машината е монофазна, јас разбрав дека е трофазна ???. Јас грешам или... ???
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
а да го слика моторот, или барем делот каде што треба да се приклучи кабелот, нели таму има еден куп контакти кој се означени и има она шемата за поврзување (барем јас сум сретнал кај поголемите мотори дека има таква шема) да ја разгледаат луѓево што се разбираат со мотори и да кажат што точно да се прави, оти вака на празно е цел муабет, пола не знаат за што се работи дали монофазен или трифазен мотор
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!