-
Едно прашање до сите што се бават со батерии и полначи :) Имам една мала буба па ја правам ептен микро , и сега ме интересира дали може да се дополнуваат вакви батерии ?
http://www.loging.mk/1142/169580/0/ShowProduct/Litiumska_kopchesta_baterija_CR1220
Батериите ке бидат поврзани во паралела но би пробал и сериска врска заради поголем напон на предавателчето :) И ако се полнат , кој напон и струја би ги препорачале за паралелно и сериско полнење на две вакви батерии ? :)
Како би го подесил склопот за сериско и за паралено полнење на две вакви батерии ? Некоја шема за двата вида на полнење на паралелна и сериска врска на две литиумски батерии од 3V ::) :)
-
Оваа батерија не е предвидена за полнење, ако пробаш да ја полниш има големи шанси да се запали и експлодира...
-
Вероватно мислел дека литиумсаката батерија се полни како Li-Ion батерите на мобилните телефони.
Даниел, имаш литиумски батрерии што се полнат и што не се полнат. Тие што се полнат пишува на нив "Rechargable"
LordZi е во право, може да екслодира. Има доста луѓе кој експериментирале на овој начин и резултатот беше тоа што таквите се збогуваа со очите
-
И што ке правам на пример ако ги вметнам во кутивчето со предавателот ? Кога ке се испразнат , амин полнење ? тогаш значи дека се за една употреба само >:( А сум видел на матична исти вакви цело време се подложни на напон .. :(
-
Тие не се такви исти најверојатно, тие се такви што се полнат. Мислам дека тука треба компјутерџиите од форумот да ти кажат
-
Епа кај да најдам такви што може да се полнат ? Сигурен сум дека се исти ::)
-
Од стар компјутер некој даизвадиш, тие на компјутер се полнат, имам јас една или две извадено од стар компјутер, само незнам дали се ок.
-
Батеријата со ознака CR1220 не може да се полни. Ако можеш најди батерија со ознака ML1220, која што е со исти димензии како CR1220 и може да се полни.
-
Некоја веб страна или адреса на фирма кај да најдам вакви батерии ? :)
-
Според тоа што се бара CR1220 Li-Mn како на сликата
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/169580_1_xxl.jpg)
Истата според ENERGIZER, CR1220 може да се полни со струја од 1 microamper !
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/CR1220_Li_Mn.jpg)
http://data.energizer.com/PDFs/cr1220.pdf
-
Би требало нешто вакво да ти заврши работа, а и цената си е таман, само размислувај за полнењето имаат неколку состојби при полнењето (константна струја, константен напон и некое си измеѓу ниво :P)..
Има готови интегрирани кола кој се за менаџирање на полнењето на батериите, не се нешто скапи, а и плус ги има во сите играчки и слично што се полнат преку USB, па од таму може да се извадат
http://hobbyking.com/hobbyking/store/__18791__Turnigy_nano_tech_130mah_1S_25C_Lipo_Pack_Nine_Eagles_style_T2_Twin_Rail_for_older_models_.html
-
Тешко да најдам таква играчка .. А и башка смд технологија е .. така да , дајте некоја шема каде ке можам да извршам таква мала регулација на струјата .. Ако воопшто постои нешто такво .. :-[
-
Еве нешто што не е SMD
http://circuitsdiy.com/simple-lm358-op-amp-based-usb-li-ion-charger/
-
Колкав напон би добил на излез максимум со оваа шема ? И дали би можел да го регулирам напонот ? Струјата од 1 микроампер , бидејќи пишаа дека со таа струја треба да ја полнам батеријата , како би ја добил/регулирал ? И колку време би ми требало за да се наполнат две вакви батерии(сериски и паралено врзани батерии од 180mAh) 1 недела ? ;D
-
јас ти давав предлог за батеријата јас што ти реков, за таа батерија е 4.2V максимален напон и негде до кај 500mA струја на полнење, ама најчесто на 150mA ги полнат, треба да си видиш даташит таму се ти е објаснето :D, мислам дека за 1-2 часа ќе биде полна батеријата
А за таа малечката, како од компјутер (што викаш), појма немам колкав напон и колкава струја, најверојатно е тој напонот, а струјата ти ќе ја откриеш и ќе ни кажиш :D
-
Знае некој каде може по продавнициве во Скопје да се најдат 3V LithiumIon копчести батерии ??? ( мислам дека се вакви овие батерии што се за полнење) ..
-
побарај во гац/логин/бт или во некоја друга продавница за електроника или на пазарче некое, ама којзнае таму какви ке најдеш ;D
-
Има во Гац, 50 или 60 денари е парче ;).
-
Па во логин нема , тие што ги има копчести , бидејќи само такви ми одговараат , не се за полнење .. Или можеби има некои кои се за полнење , дајте линк ако има такви .. :(
-
Вакви rechargeable батерии во Македонија најверојатно нема да најдеш.
А си пробал со батерии од мобилен телефон? Или преголеми се?
-
Преголеми се , дајте кажете кај да најдам во Македонија , цената не е битна :-\
-
Прашај Алфа Битола
http://alfaelektronik.mk/store/products/list.php?category_id=32
-
Немаат батерии за полнење литиумски(копчести) од 3V :o
-
Епа побарај online, сигурно има на ebay ;).
-
Дали ваква батерија може да се полни , дополнува ? :)
http://www.loging.mk/1125/182612/0/ShowProduct/Litiumska_baterija_R22
-
daniel spasovski, ти изгледа си играш мајтап, ако на батеријата не пишува "rechargable", тогаш таа не може да се полни. На старната на логинг, напиши "полнење", и ќе видиш кои батерии може да се полнат.
-
Веројатно сам себе си се мајтапи од незнаење 8)
-
... ако на батеријата не пишува "rechargable", тогаш таа не може да се полни.
Без тврдење туку само како размислување
Зошто тогаш не пишува non rechargeable како кај други батерии кои не се полнат.
За мене, дискутабилно е напишаното во логинг. Тие не се производители туку се продавачи!
Зошто на овие батерии не пишува ништо
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Baterii.jpg)
А во линкот каде се продаваат се опишани како LIR2032 CR2032 RECHARGEABLE BATTERIES LITHIUM-ION with CHARGER
http://www.ebay.com/itm/2-NEW-LIR2032-CR2032-RECHARGEABLE-BATTERIES-LITHIUM-ION-with-CHARGER-/390636416229
-
Lithium-Ion батерии се полнат
Lithium батерии не се полнат.
-
Zan нe си во право .. Не мајтапам никого .. >:( Само сакам да дознаам каде можам да најдам 3 или 3.6V копчести Li-ion батерии >:(
-
Поентата ми е како ќе дознаеме дека батеријата е rechargable а на истата пишува Lithium Battery а не Lithium-Ion !
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Li-ion-A9V-Battery-1200MAH.jpg)
-
Веќе кажав дека само Lithium-Ion батерии може да се полнат, а Lithium батерии не може да се полнат.
-
Поентата ми е како ќе дознаеме дека батеријата е rechargable а на истата пишува Lithium а не Lithium-Ion
-
Е ајде де :( Како ???
-
Поентата ми е како ќе дознаеме дека батеријата е rechargable а на истата пишува Lithium Battery а не Lithium-Ion !
Веќе кажав дека само Lithium-Ion батерии може да се полнат, а Lithium батерии не може да се полнат.
Мислам дека е јасно, Lithium-ските не се полнат, Li-Ion се полнат ;).
-
Бидејки утврдивме дека литиумските (Lithium а не Lithium-Ion ) батерии не се дополнуваат, односно не се обновливи (rechargable), според мене редно е да се промени и насловот на темата. Пример „Шема за полнач на две Lithium-Ion батерии од 3V“