Author Topic: Проблем со UV ламба  (Read 1751 times)

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Проблем со UV ламба
« Opened on 18.02.2016, Thursday, 20:32:56 (Edited 20.02.2016, Saturday, 03:34:48) »
Имам проблем со uv ламба која ја користат за сушење/печење на нокти.
Има електроника со некој тајмер за 90sec и 120sec да бидат вклучени uv ламбите .
Тоа е проверено и е ок, значи на трансформаторите им доаѓа  ~220v
.
Ламбите(UV-9W 365nm) не се вклучуваат ,видов дека овие се со вграден стартер значи за да светат треба само трансформатор-от/ballast-от да се поврзе во серија ,а другиот крај директно на ~ 220v .
Пробано е и со друга UV ламба исправна ,но ништо.
Пробав да ги поврзам со трафоа од обични неонки но пак ништо .
Ги мерев омски трансформаторите бидејќи има два , по две ламби на еден трансформатор , и двата даваат 118оми .
Поврзани се како на сликата што нацртав ....

Дали има разлика во трафоата за UV ламби и обичниве неонки ?
Што би можело да прави проблем?






Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Одг: Проблем со UV ламба
« Reply #1 on 20.02.2016, Saturday, 17:22:35 »
Во грлото на самата неонка се наоѓа блок кондензатор (кој работи како стартер) поврзан во серија со жаречките влакна на краевите од неонката. Птребно е да имаш две исправни неонки за да светат, ако пригусницата е во ред.

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Проблем со UV ламба
« Reply #2 on 24.02.2016, Wednesday, 13:52:49 (Edited 24.02.2016, Wednesday, 13:54:45) »
да , така е ,видов дека имало и два типа на неонки со ознака L кои имаат вграден стартер во нив и без ознака L кои имаат само кондензатор.
Сепак проблемот излезе во лампите
За проба поврзав класична неонка од 18w со стартер .

Поздрав !

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Проблем со UV ламба
« Reply #3 on 24.02.2016, Wednesday, 20:49:58 »
Добро е што го среди проблемот, само малку за речникот... не е за печење нокти  ;D туку за брзо сушење и стегање на лакот нанесен на ноктите.  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со UV ламба
« Reply #4 on 24.02.2016, Wednesday, 21:16:37 »
Не се чуди, ми побарале до дуќан и печатар *  што го пече текстот*, * или *имате ли печатари со греач * ! ;D ;D веројатно за ласерски печатар се мислеше.. 8) ;)