Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: DX-er on 23.03.2015, Monday, 00:07:48

Title: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: DX-er on 23.03.2015, Monday, 00:07:48
Јака работа :) ја лично како радио ентузијаст би ги оставил да работат а и за инает на мобилниве оператори :)

Code: [Select]
http://sitel.com.mk/makedonija-ima-4-mobilni-operatori-otkrien-div-operator-vo-stan-vo-gostivar-0
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: slidermc on 23.03.2015, Monday, 09:47:01
И за ова треба ум!
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: Otpor on 23.03.2015, Monday, 10:35:02
Цитирам :

 ,, Според нашите сознанија ваквата опрема лесно би можела да биде злоупотребена и за незаконско прислушување особено на разговори на странски дипломати, но според досегашните сознанија на истрагата разговорите не биле снимени и мотивот бил исклучиво финансиски. ,,  ::)
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: LordZi on 23.03.2015, Monday, 10:41:28
Аха, да, „случајно“ ги открија баш сега... 8)
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: Atanas on 23.03.2015, Monday, 12:06:30
Местена работа.  :P
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: Gocko on 23.03.2015, Monday, 15:11:59
Се прашувам дали овој оператор, пред да биде откриен,  со било која сим картичка на аналогно барање на мобилна мрежа  ,,network search ---> network selection''  се прикажувал како четврта опција (четврти мобилен оператор) ?! ::)
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: nsu on 23.03.2015, Monday, 16:26:54
Еј добро сега бе нека се четири ;D ;D ;D ;D ;D.VIP и ONE се споија како во еден заедно работат.Нели имаше Телеком VIP и ONE и четвртиот нели беше albanet.Преговараа и не влезе изгледа.Пошто знам исто се збореше дека ќе влезе и четврт се си мислев дека се 4 оператори влегол и тој но 3 биле легални. ;D
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: didy on 23.03.2015, Monday, 17:20:33
Вас ви е до зезање, ама ова има една друга тежина.
Данокот да не се плаќа во оваа држава, федерализација на Македонија!
неможност за контрола на разговорите, се остваруваат некои сценарија. Исис и тука работи,као и да стои зад тоа име.
Да се надевам дека грешам :)
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: DX-er on 24.03.2015, Tuesday, 01:00:06
а знае некој како точно функционирал мобилниот оператор? Имал своја базна станица за емитување на сигнал или работел како виртуелен оператор но секако илегално преку хакирање на некој од постоечките оператори, и како се остварувал тој евтин меѓународен сообраќај, нели треба и од другата страна да има таков оператор со свои претплатници за да може евтино да разговараат... некако ми е нејасно.
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: frost5551 on 24.03.2015, Tuesday, 01:08:31
албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа, а за тоа дали нелегалниот се појавувал како четврти во network search ---> network selection, дефинитивно не. Принципот на работа (на нелегалниот) мислам дека се одвивал во правец на пресретнување на сигнал од легалните оператори, негова кражба, влегување во нивните мрежи менување на регистрираните позиви и префрлање пари на други сметки, чисто хакерство. А дали исис има удел, ништо не е исклучено човек може да се сомнева во се и сешто, но дај боже да нема. Мене ми е сомнително следново, како може таква опрема да поседува некој си поединец „анонимус“, како е можно да се внесе опремата без никој да знае, сепак не е тоа мобилен телефон па ќе го ставиш во џеб и никој не те гледа го внесуваш преку граница. Работел некое време без никој да знае!!!??? Заработил многу пари!!?? Како полицијата баш сега го откри, откако телеком најави своја истрага за прислушувањето!!?? Можеби телеком е најоштетен, или се зголемуваат сметките на граѓаните па ај да видиме што се дешава!!?? Све е чудно, но едно е јасно дечкото бил мозок и секако има заработено милиони а и така се зборува.

Споено мислење: 24.03.2015, Tuesday, 01:12:44
Истрагата ќе покаже, сега за сега можеме само да мислиме на се и сешто и да шпекулираме.
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: GigaWatt on 24.03.2015, Tuesday, 01:25:17
албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа,...

Нема негова мрежа, изнајмува мрежа. Се води како виртуелен оператор, што е сосема легално.
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: frost5551 on 24.03.2015, Tuesday, 01:32:29
Лошо сум се изразил, мислев на продажна мрежа  :D
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: DX-er on 26.03.2015, Thursday, 00:25:32
албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа,...

Нема негова мрежа, изнајмува мрежа. Се води како виртуелен оператор, што е сосема легално.

a овој 4тиот работел како виртуелен или имал свои базни станици ?
Title: Одг: Македонија има 4 мобилни оператори - откриен див оператор во стан во Гостивар
Post by: BorceBT on 26.03.2015, Thursday, 14:48:23
Јас разбрав дека била една базна станица поврзана преку VoIP и давале многу евтино разговори кон странство.