Мислам дека batka повеќе мислеше на една работа, се вика мисловна целина. Кај тебе го нема тоа.
Значи, завршувам со една мисловна целина (пишувам околу некоја работа, бла бла) и кога ќе се префрлам на друга, ставам нов ред. Вака изгледаат како зборови натрупани едни до други без нешто конкретно.
Еве, забележа како јас се префрлив од една на друга мисловна целина. Завршив со она што сакав да го кажам и се префрлив во нов ред (пасус) и продолжив друга (можеби слична, но сепак не е целосно поврзана со претходната), односно ти давам пример (во овој нов ред) како треба да изгледа.
Не ме сваќај погрешно, на форумов си добредојден, на никој му немаш ништо згрешено, ама ваквите post-ови се... практично трошење на време за повеќето членови бидејќи треба да извлечат неколку корисни работи од еден километарски post... односно да ја извлечат суштината на post-от. Ти знаеш да се префлуваш од тема на тема во една иста реченица без логика. Тешко е да се читаат такви post-ови. Признавам, и јас знам да правам така (брзо да префрлувам од тема на тема во еден ист post), ама одвојувам со нов ред, запирка, точка, три точки... зависи каде како ќе ми текне или како мислам дека е адекватно.
Ова се вика срочување на мисла. Срочи го тоа што сакаш да го пишеш, подели го на логички целини, стави нови редови на тие места и тоа е тоа. Ако видиш дека некаде во текот на пишувањето на post-от ти дошло нешто ново на памет, нешто што претходно не си го планирал, пак стави нов ред, одвои ја логичи/граматички таа целина од мислата. Никој од нас не пишува аосолутно граматички точно, како од граматиката на Блаже Конески, ама се трудиме, колку што можеме да биде попрецизни. Не поради нас, пред се поради другите членови. Сигурно сакаш и други да го прочитаат и да го сватат она што имаш да го кажеш, констатираш, советуваш, презентираш, итн., така? Епа ова е начинот.
Пак ќе пишам, не ме сваќај погрешно. Очигледно не си бил член на други форуми претходно... или можеби и си бил, ама не си ги сватил „правилата на игра“ по форумиве. Биди конкретен, прецизен, срочи го тоа што сакаш да го пишеш и ќе видиш дека post-от од километар на крај ќе се сведе на неколку пасуси
... она што е всушност најважно
.
Еве, јас, на пример, пред да отворам нова тема или да пишам некој post, ако треба да биде долг, како овој, правам мисловна целина во главата... што сакам да пишам, како да почне, како да зврши, што е поентата на овој post, во кој дел од post-от да го ставам тоа, итн. Ова не е real time двострана комуникација па да се разбереме и без точки, запири, нови редови, итн. Не се за џабе тие измислени
.