Еве го мојот извештај за работата во контестот од локација Обозна (помеѓу Виница и Берово), како што беше пуштен на yahoo groups така го пренесувам и тука
„Како некој што немаше работено контести, тука а и во муабет со Z35W ја изразив мојата желба макар да присуствувам на локација каде што ќе се работи. Во втор разговор со него паднаа две варијанти: да отидам со него на локација Обозна или да видиме како ќе биде организацијата во Штип и да отидам таму. Се одлучив сепак за првата варијанта затоа што сакав првин да отидам во Берово и полесно беше да се вратам на Обозна
Не беше некој услов меѓутоа напомнав дека после толку години неработење, не сум баш сигурен за CW, и затоа и добродојден ми беше било кој банд SSB. Кога (очигледно) беше во криза лицитацијата и мораше да се земе уште еден банд ја понудив и опремата која што можев да ја обезбедам ICOM 745 и дипол за 14. Icom-от со мал проблем при работа (сам ги скенира фрекфенции надолу) меѓутоа во добра состојба и дипол (за) кој (сеуште) немам поим дали е во ред. Откако го добивме и 21MHz SSB договорот беше на 14 да се работи со вертикалка, FT847 и линеарец, а на 21 - delta-loop кој (ќе) го даде/направи Z32ID и Icom-ot.
По пристигање на локација Обозна веднаш се фативме за местење на delta-та, а во меѓувреме вриштеше телефонот, Битола-Кавадарци-Штип-Кочани-Обозна, дали може тој да работи ваму, јас онаму, едни дефекти, други дефекти и сл. - работи што не ме интересираа(т) баш. Заклучок беше дека монобандер на 21 CW, со таков искусен контестмен, ќе биде прав погодок.
Delta-та одлучивме да ја поставиме на 10тина метра висина - на бор, од кој ќе кренеме уште еден лост од 3-4 метра висина. После многу мака, која си ја знае Z35W качен на борот, delta-та се најде на висина од 7-8 метри затоа што неможевме лостот да го кренеме над борот.
Го поставивме ICOM-от во летниковецот, мерење SWR, за што беше известен и конструкорот на антената, меѓутоа наместо да ја поставиме север-запад за почеток, ние сме ја поставиле север-исток... ај ќе вртиме после.
Откако ја поставивме и вертикалката (доцневме веќе некое време, поради проблемите со качувањето на борот и фиксирање на дрвениот лост), веднаш седнав на 21 и почнав со работа. Z35W доста брзо се стави во функција меѓутоа имаше проблем... пробиваше кај мене на 21. За среќа не на цел банд.
После пола час работа се сменивме со позициите, на 14 имаше одлични услови за работа, а после првата „прошетка“ по бандот се сместив јас да повикувам што резултираше со 2-3 QSO-а во минута. Поради недоволно познавање на ICOM-от (користење на LOCK и скенирање со RIT) Z35W се врати на 14 а јас на 21 (во меѓувреме ја свртел и антената).
После промената во првиот час од барања по бандот завршив со 18 врски
Над 21340 во тој момент немав можност да работам, поради пробивањето, а надолу сите што ги слушнав ги одработив, затоа „седнав“ јас да повикувам. Освен по некој Русин друг не слушнав да одговори. Проверував кластер, каде што тоа што излегуваше веќе го имав во log. Некако успеав да ги одработам N1Z и W100AW и до крајот на контестот тие останаа единствените Американци.
Го слушнав KQ2M следниот ден меѓутоа беше на 2kHz од UN1HQ кого го слушав со +20 и остана неодработен (незнам дали ме слушна воопшто).
Вечерта после 03 направивме замена со тоа што седнав повторно на 14 каде што од шетање ги одработив скоро сите од WRTC, 9Y, некој Рус и уште некој Американец.
На 21 се вратив околу 07 меѓутоа се идеше споро. Станиците кои ги слушав да повикуваат CQ или веќе ги имав или ги одработував од прва (меѓутоа не се појавуваа нови или барем јас не ги слушав).
Се сместив јас да повикувам и почнаа пак да влетуваат претежно Италијани, Украинци и Руси и еден Јапонец меѓутоа со доста паузи. Така имав 1 час период да повикувам CQ a да имам 0 врски.
Станиците кои ги слушнав а тие не ме слушнаа мене се HS0ZHC, HC1JQ, YT7Z и KQ2M.
Во кратки црти тоа од мене.
73/Z33RW“
За мене ова беше прекрасно искуство - Правење кабли во последен момент, кревање антени, нивно паѓање и повторно кревање и се на се 2 часа спиење во тој период од 24 часа. (Сериозни екипи недозволуваат спиење за време на контест, сепак е дозволено после затворање на бандот) иако не сум задоволен со резултатот кој го остварив на 21MHz SSB.
Инаку скорот од 5м поени далеку подобар од претходните години кога се движел околу 3м.
Споено мислење: [time]22 Јули 2014, 14:40:48[/time]
Еве и слики од локацијата каде што се работеше SSB на 14 и 21
Овде сум на позицијата за 14 MHz SSB со Yaesu FT847 и home made линеарец кој што беше користен со 500W, поради тоа што антената DunaX четири бандер издржува до 800W
ICOM 745 кој што работеше на 21 MHz со 100W и delta loop антена
Споено мислење: 22.07.2014, Tuesday, 15:51:24
Исто така да не заборавиме дека Македонија има оператори кои скоро секоја година работат за странски HQ екипи, што само покажува дека имаме квалитетни луѓе.
Останува да се види што може да се направи со обезбедување опрема и во иднина навремено врбување на нашите оператори за учество во наш тим
Македонија е далеку од германскиот тим или оние што котираат горе, меѓутоа техничко-технолошката предност си го прави своето.
И ние да имаме на располагање за секој банд и мод на работа по две антени поставени исток запад (5ел. јаги кон исток и кјубикал квад кон запад на пример, што би значело 4 антени по банд) со линеарци од неколку kW ќе имаме добри резултати.
Сепак самото учество во овој контест е престиж посебно како HQ станица.