Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: Sonic on 23.03.2017, Thursday, 15:11:14

Title: Потребен е програмер за Atmel или PIC
Post by: Sonic on 23.03.2017, Thursday, 15:11:14
Здраво колеги,

Потребен ми е програмер за Atmel или PIC микроконтролери.
Сугестија од ваша страна за искусен програмер е добредојдена.
Работата е платена, а за принципот на работа (код, прототип) ќе се договориме.

Микрочиповите ќе се користат за контрола на релеа, кои пак ќе избираат сигнали во аудио уред.
Накратко ќе објаснам за што се работи, а за подетални информации и понуди слободно исконтактирајте ме со приватна порака.
Исто така ќе прикачам дијаграм за кој се надевам ќе е доволно разбирлив.

Според дијаграмот, потребно е контролерот да контролира 5 релеа, кои остануваат активни при избран канал.
Ремоте контролерот ќе се поврзува со мастер контролерот по потреба.
При поврзување, ремоте контролерот ја презема контролата над релеата, а лед диодите се индикатори за избраниот канал.
Поврзувањето на двата уреди е со ДИН кабел.

Тастер прекинувачите со сино се зависни еден од друг. Избраниот канал е активен се додека не се притисне друг тастер.
Тастерите со црвено се независни еден од друг. Можат да бидат уклучени или исклучени во секоја комбинација (функционираат како ON/OFF прекинувачи) т.е избраниот канал е активен се додека не се притисне тастерот повторно.

Бараната функција може да биде извршена со Atmel или PIC микроконтролери. Имплементирање на Arduino во уредот е непожелно, но може да се искористи како прототип платформа. Финалните производи треба да се составени од самостојни чипови.

Ви благодарам на вниманието

(https://i.postimg.cc/vyS1x0Gt/wb9or8.png)
Title: Re: Потребен е програмер за Atmel или PIC
Post by: tanatos on 09.02.2019, Saturday, 15:24:34
Доцнам како бугарски воз, но сега го видов ова....дали е завршена работата и како? Информативно.
Title: Re: Потребен е програмер за Atmel или PIC
Post by: GigaWatt on 09.02.2019, Saturday, 21:34:39
Темата е отворена на 23.03.2017, така да, работата е најверојатно веќе завршена или воопшто не ни биднала.

Но можно е да добиеш точен одговор од членот бидејќи последен пат се има логирано на 02.02.2019 ;). Очигледно сеуште го посетува форумот ;).