Јас сум ЗА. Но мислам дека не е многу исплатливо да се прави, бидејки сега од кина тие дисплеи можат да се набават за половина од цената само на лед диодите. Ако веке се прави нешто тоа нека биде уникатно, големо и нешто што нема, за да може да се продаде. Тие дисплеи единствено се наменети за реклами, а на електроничари би им биле само товар ако не ги продадат. Имам веке учествувано во еден ваков голем проект, и одприлика имам идеја како може да се реализира. Пример дисплејон кој го ставаат ЈСП на автобуските постојки, за него знам доста детали, и тоа е она што вреди да се направи, но за тоа да се направи инвестицијата не е воопшто мала, но заработувачката ке биде голема. Ако сте за конструкција на нешто такво би можеле да почнеме со дискусија, а за 10х10 дисплеј мислам дека не треба да се губи време а ни пари.