Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: barmen on 29.10.2011, Saturday, 19:00:59
-
Значи имам купено лемилица (пиштол 100 вати )пред некои 3-4 години .Но при уклучувањето почнува да загрева но и да ја топи пластиката во близина на врвот.Ја отворив и внатре е со јадро како на трансформаторите.Дали е возможно да го премотам секондарот (грејачот ) со помала жица а со тоа да се намали јачината (ватажата )на самиот леткум .И да го користам за намената за што е купен.
-
можиш да направиш регулација на грејното влакно (греачот) со што во секој момент ќе можеш да ја зголемиш моќноста а со тоа и температурата или да ја намалиш, што мислам дека е поедноставно и покорисно :)
моше да ја премоташ, но јас би се одлучил за првото
-
Па што знам што да направам ,затоа сакам да чујам и некое друго размислување .Па да го одберам најдоброто решение
-
barmen среди наслов, да не бришеме тема
-
Еве го сменив насловот,дали вака е подобро
-
Не!
Правила на овoј форум
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0)
По-опширно околу правилото број 3.4
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3447.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3447.0)
-
Ако убаво разбрав тебе сеуште ти е исправна ајвата но проблем ти е тоа што ти се прагрева и ти се топи пластиката ако не сакаш да ги правиш претходните работи кои ти ги предложија можеш едноставно да ја извадиш жицата која што ја користиш за загревање (тоа е таа жица која ја користиш за лемење и каде ставаш калај не жицата која ја имаш на секундар на трафото) и да ја замениш со бакарна жица од 1,5 мм така таа побрзо ќе ти се загрева и нема да продолжи да ти се уништува од жешкото пластиката и патем со ајвата мораш да работиш во интервали затоа што ако ја прегрееш ајвата пиштол ќе го изгориш и трафото ;).
-
Да , сеуште работи , но немам ја употребено повеке од 3-4 пати .Тоа сакав и јас да го направам , ама не знаев колку да ја намалам жицата на секундарот (грејачот) .Оригиналната жица е 3.2 мм .