Аналогна електроника > Видео техника

Потребна ми е шема за сигнализација за оптоварување на напојување

(1/2) > >>

Z31GH:
Не знам како можам да го изведам ова и затоа ако некој може да ми помогне би бил многу благодарен. Сакам едно 13.8 V 30 А напојување да го довршам. Да речеме дека потрошувачот би надминал 25А, дали може да се изведе напојувањето да изпушти звучен или светлосен сигнал?

Trolko:

--- Quote from: Z31GH on 07.02.2014, Friday, 22:35:49 ---Не знам како можам да го изведам ова и затоа ако некој може да ми помогне би бил многу благодарен. Сакам едно 13.8 V 30 А напојување да го довршам. Да речеме дека потрошувачот би надминал 25А, дали може да се изведе напојувањето да изпушти звучен или светлосен сигнал?

--- End quote ---

Па, јас би одел вака: Пред напонската регулација стави отпорник кој ќе изиграда shunt. Од него ќе ја мериш струјата која би ти одела во напонскиот регулатор, а воедно и струјата што ќе биде на крај испорачана на потрошувачот. Не верувам дека регулаторот би *јадел* многу струја, па може да сметаш дека целата струја што влегува во регулаторот ќе влезе и во потрошувачот.

Информацијата од струјата би ја носел на компаратор/операциски, на кој на едниот крај би имало референца (пример TL431-ка), така да кога информацијата за струјата (соодветно скалирана) ќе надмине вредност подесена со референцата на компараторот би дала соодветен сигнал, кој понатаму може да го носиш на ледица, титкач, ротационо светло, сирена ... :-)

Ако ми дадеш информации за колкав напон очекуваш пред регулација (пред регулација до 13.8 волти), минимален напон пред него и ако знаеш струја што ќе ја троши напонскиот регулатор, би ти издизајнирал едно решение :-)

73 de Z32AL
Споено мислење: 07.02.2014, Friday, 23:07:19Само малку тие 35-те ампери ме плашат ... ќе треба многу ниска вредност на отпорник, некаде во 0.01 OHM регионот, имаш RLC мост каде што би можел да измериш толку ниска вредност на отпор па да одиш со неколку прстени на жица наместо отпорник ? :-)

Z31GH:
Z32AL, благодарам на одговорот.

што се однесува на напонот, тој ќе биде фиксен на 13,8v

73 de Z31GH

Trolko:

--- Quote from: Z31GH on 08.02.2014, Saturday, 00:23:58 ---Z32AL, благодарам на одговорот.

што се однесува на напонот, тој ќе биде фиксен на 13,8v

73 de Z31GH

--- End quote ---

Да ама напонот пред регулаторот ? Колкава ќе е неговата максимална вредност, а колкава минималната ?

Z31GH:
Вака значи....потребните делови скоро сите ги имам, сеуште не е почнат , трансформаторот дава 19 волти, а ќе се прави по оваа шема


Треба уште моќни отпорници од 0,1 ом во алуминско куќиште да најдам и да го завршам. Кутијата ми е готова, еве некоја слика од изработка на кутијата...



вака искрено не знам кој би бил напонот пред регулатор

Споено мислење: 08.02.2014, Saturday, 00:38:08знам дека има тиристор како заштита сепак би сакал да има и збучен сигнал ако достигне 25А

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version