Македонски форум за електроника

Помош за форумот => За потенцијалните и новите членови => Topic started by: BorceBT on 07.10.2009, Wednesday, 02:41:37

Title: За потенцијалните членови на форумот
Post by: BorceBT on 07.10.2009, Wednesday, 02:41:37
Добредојдовте во првиот Македонски форум за електроника.

Овде можете да најдете интересни и корисни информации за повеќе подобласти на електрониката. Исто така овде можете и да поставите прашање доколку имате проблем со што ќе ви помогнат останатите членови на овој форум.

За да можете да пристапите целосно кон овој форум, да ги гледате комплетно сите теми и мислења и да поставувате прашања и превземате датотеки мора прво да се зачлените (регистрирате).

Се надеваме дека ќе одлучите да ни се придрижите во напорите за ширење на точни и корисни информации за област за која има релативно малку информации на Македонски јазик.

- Од тимот на Македонскиот форум за електроника (октомври 2009)