Гледам големите ме нападнаа, но зошто не признаете дека одговорите ви се „малку“ скржави. Сепак ова е форум, го користат и професионалци и аматери, стари и млади итн, па затоа мислам дека треба да се гледаат работите попрофесионално.
Дадовме одговор врз база на дадените информации и нашето знаење. Тоа не значи дека секогаш сме 100% во право, но ајде... ако некој друг знаеше подобро, зошто не пише? Ние не сме виновни што на форумот од регистрирани 2000 (и кусур) членови, активни се само 15-тина.
Од друга страна, тоа што ти го пиша (проблемот кој го имаше) е најчест симптом на изгорен PIC или зезнат (од една или од друга причина). Барем во моето досегашно искуство, таа била најчеста ситуација.
Да сум читал и прател и други форуми, член сум и на други, но тие се поинакви, работат професионално без она „јас све знам, јас сум најголемиот а сите вие сте со помалку знаење и пониски па затоа мора да ме слушате“.
Друже, ти прв не нападна нас... „Нашиве одма на расипан пик, програматор или дај го на друг да го програмира, просто кажано помош и совет никаков“.
Прво, за разлика од странците, ние немаме по дома 10-тина програматори па да можеме да пробуваме со еден, друг трет итн. На пример, јас само еден имам, ако тој не ми работи, се разбира дека прво ќе побарам каде може да биде проблемот, а ако не може да го најдам, ќе го дадам на некој пријател ако може да ми го испрограмира, да установам дали навистина проблемот е програматорот или PIC-от.
Второ, јас (а и останатите членови, барем поголем дел од нив) не пишав дека јас сум 100% во право. Јас пишав дека е можно PIC-от да е изгорен. А LordZi ти даде совет да пробаш да испрограмираш друг PIC на програматорот, што сигурно ќе го добиеше како совет и на било кој друг странски форум. Во моментот не ми текна мене на тој совет, така да, не сум го пишал. Затоа, ете, на некој друг член му текнало, пишал.
Трето, на странски форуми добиваш по минимум 5 post-а дневно на тема од овој карактер. На овој форум, на вакви теми има едвај 2 или 3 одговори севкупно. Повторно, ние не сме виновни што од 2000 членови редовно допринесуваат само 10-тина или 15-тина членови.
Ова е добронамерна критика, не сакам да ве нервирам, само би требало да се трудите за зголемување на бројот на корисници на форумов а тоа би се постигнало со љубезност и професионализам. Е затоа беше тоа нашиве. Иначе фала што некому текнало да има форум за електроника кај нас.
Јас секогаш влегувам најдобронамерно во дискусија. За тоа е доказ што иако темата немаше адекватен наслов (според правилата, убаво си пишува во нив како треба да изгледа наслов на која тема), само спомнав дека треба да си го корегираш насловот на темата, иако (повторно, според правилата), ако не ти е напишан насловот коректно, имам право да ја заклучам или избришам темата. Но, не го направив тоа. Зошто? Нов член си, уште не си „уходан“, ние сме свесни дека не може секој на памет да ги знае правилата од едно читање (ако воопшто членот ги прочитал) и затоа попуштаме. Често, не ни опоменуваме, бидејќи сме забележале дека во многу случаи нема поента (како во овој случај, ти имам пишано да го смениш насловот на темата и сеуште, дури ни по 3 твои post-а подоцна и не знам колку денови, ти сеуште го немаш сменето насловот на темата, а тоа се смета за непочитување на администрацијата на форумот), на членот му е укажано да го смени насловот, не го менува и на крајот, ние мораме да го смениме. Затоа веќе често не ни напоменуваме за промена на наслов на тема (неадекватен наслов), едноставно ние го менуваме насловот. Се ова го правиме со цел да се зголеми активноста на форумот, да има повеќе членови и членовите да бидат поективни, бидејќи многу од членовите се бунеа дека сме биле престроги (ова навистина не знам од каде го најдоа, на многу форуми за post-ови како овој кој го цитирам се добива и ban, без предупредување, ама ајде, нашле па зашле некои членови
, не сакале да кодираат линкови, не им се допаѓало ова, не им се доаѓало она, правилата не им чинеле... истите овие правила да ги имаше на странски форум, и те како ќе ги почитуваа истите оние на кои правилата на овој форум не им одговараат, ама ајде, тоа е, наше е, па може да плукаме
), така да, решивме уште повеќе да попуштиме со „строгоста“
.
И пак на крајот ќе прочиташ вакви коментари... иако не се превземни никакви санкции ниту опомени за непочитување на администрацијата во врска со тоа што го имам пишано претходно во темава (за насловот на темата), иако најдобронамерно, со онолку колку што знам од оваа проблематика, пробав да ти помогнам, иако LordZi ти даде одличен совет, со кој сигурно ќе установеше дека кабелот од програматорот е прекинат некаде... ц ц ц ц ц ц... тоа е тоа
.
Од друга страна пак, убаво што ја имаш пофалено идејата за сајтот, и јас исто мислам дека е одлична идеја.