Author Topic: Проект - Соларен панел - Помош  (Read 1639 times)

Offline igor_sk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Проект - Соларен панел - Помош
« Opened on 29.02.2012, Wednesday, 02:27:51 »
Здраво .  Прво незнам дали на темава и е тука местото и ако иам згрешено слободно некои од админите нека ја премести .  Во план сум да изработам комлетно соларен панел, заедно со целата потребна инсталација , но ми треба помош од поискусните на форумов затоа што јас ова го работам од хоби и не сум многу упатен во одредени работи.

Се работи за следново :

Сакам да добијам напојување од 220 v со моќност од 1000 W . За таа цел сакам да употребам инвертор на напон од  12v DC  на 220 v AC со моќност 1000 W




За негово напојување сакам да искористам 3 паралелно поврзани акомулатори од 12 v 55 A .

Моите прашања се  следни  :

1.   Колкав соларен панел треба да изработам за да може да ги снабдувам акумулаторите со потребната волтажа , ампеража , односно какви карактреистики треба да има тој соларен панел – Волтажа , Ампеража, Ватажа ?

2.   Со овие 3 акомулатори доколку би биле комлетно наполнети , колкав временски период –часови , би можел да го користам инверторот активно при поголемо оптеретување да речеме 900-950 W ?

3. Јас најдов панелни плочки кои одкога ќе ги поврзам сите заедно би требало да добијам 65-70W , 18 V , 2A , дали ова би било доволно за овој проект , или сепак ќе мора ватажата да биде многу поголема ?

Покрај овие основни работи , во план сум да додам и монитор за следење на напонот , како и контрола за полнењето на акомулаторите .





Еве скица како јас ја замислив комлетната инсталција – проектот



Поздрав .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Цитирам:
За негово напојување сакам да искористам 3 паралелно поврзани акомулатори од 12 v 55 A .

Не ти препорачувам никако! Не можат сите три ист напон да дадат!  Има посебни трансформатори за соларни панели .И подобра идеа ти е да направиш три посебни склопа,до помала јачина и поголема искористивост