Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: najdo on 09.08.2011, Tuesday, 12:29:18
-
Имам CO2 апарат од Кончар, 320 ампери и нанего пиши profi cw81. Има проблем со електро моторот т.е жицата не ја вади. Проблемот не е до рачката оти денес нова ја порачав од скопје и ја проверив и се е во ред. Значи ко ке прицнам на рачката треба жицата да излегва и тој електровентилот шо е во апаратот да се отвори за да течи CO2. Ако знај некој кој е проблемот ве молам за помош. Однапред фала.
-
провери дали е релето исправно мислам дека беше така релето ги контролира функциите во апаратот
-
На електроплочата има две релиња и двете се исправни. Значи ако релето е исправно му дава напон на електромоторот и тој треба да работи, па електор моторот да не рикнал. Али како можи да рикни кога апаратот е нов гланц.
Споено мислење: 09.08.2011, Tuesday, 13:45:59
Откако ке се уклучи апаратот и ко ке се сврти на потенциометарот, склопката префрла заедно со двете релињја.
-
ај види мери напон кај што е електро моторот кога ке го притиснеш копчето на рачката за заварување...
-
имаше една плочка од десна страна во апаратот види дали оди преку неа имаше некои транзистори провери да не е неш до нив, и стави некои слики да видиме што е како е да помогнеме
-
Контролата на моторот не иде преку реле ако иде преку реле не ке може да се контролира брзината на извекување на жицата,мотор се контролира со PWM (Pulse Width Modulation) како драјвер се користи некој транзистор или фет.Со помош на потенциометарот се менува Duty cycle на PWM сигналот и се врши регулација на вртежи на моторот.
Како што кажа dejanpetrus направи некоја слика да ја видиме електрониката за да можеме да ти помогнеме.
-
najdo од каде си ако си од Велес јас можам да ти помогнам на лице место сум поправал многу од апаратите на кончар а ако си од друго место еве ти еден совет ако електонската картичка ти е од типот CWT-5 тогаш мери на жиците кои се наоѓаат на 2 и 3 од катрицата дали имаш напон ако имаш електрониката е исптавна барај проблем на друго место.
-
Од Битола сум. Напон меѓу 2 и 3 нема, а меѓу 2 и маса има. Еве и слики, па ве молам за помош.
(http://pic.mk/images/img0543.jpg)
(http://pic.mk/images/img0544.jpg)
(http://pic.mk/images/img0545.jpg)
(http://pic.mk/images/img0546.jpg)
(http://pic.mk/images/img0547.jpg)
(http://pic.mk/images/img0548.jpg)
(http://pic.mk/images/img0549.jpg)
(http://pic.mk/images/img0550.jpg)
Споено мислење: 10.08.2011, Wednesday, 15:46:27
Прашав од Алфа еден и рече дека можи до 555 - та да е. Ако знај некој поќе нека помогне.
-
пред да менуваш делови провери дали ти е потенциометарот завртен на минумум ако е така нема да врти моторчето или случајно некоја од жиците да не ти се има откачено од вибрациите а и убаво ти рекле за 555 и тоа често прави проблеми бидејќи преку него мислам дека се прави напонската регулација затоа што со колкава брзина ќе врти моторчето дирекно зависи од тоа колкав напон ќе му донесеш и на крај не си играј со гланц нов апарат ако не работи апаратот има гаранција јави се во овластен сервис
-
Хехе, апаратот е купен во 80 -те, па гаранција 30 години не вервам дека има. Ке го менам 555 -та, ако е до то арно ке биди. Ако не е до то ке ја носам плочата на сервис во Кончар ( Скопје ) оти отаму е купен апаратот.
-
еден оф-топик,но колку пари кошта ваков апарат?
-
Најефтиниот кај нас 140 A Варстрој на саемот беше 16000, а цената се движи и таму до 1000 евра за подобрите профи апарати
-
На електроплочата има две релиња и двете се исправни. Значи ако релето е исправно му дава напон на електромоторот и тој треба да работи, па електор моторот да не рикнал. Али како можи да рикни кога апаратот е нов гланц.
Споено мислење: 09.08.2011, Tuesday, 13:45:59
Откако ке се уклучи апаратот и ко ке се сврти на потенциометарот, склопката префрла заедно со двете релињја.
друже одлучи се дали е нов дали е стар.... :)
-
Значи апаратот е купен во 80 - те ама никојпат не бил користен се до вчера. И колку шо видов на лимот од апаратот, првото парче е.
-
види напон дали има на 8миот пин на 555ката
-
Јас попрво би го проверил моторот директно на 12 волти прав напон, бидејќи е оргинален мотор од бришачи за стакло за автомобили, ако има зафатено патина на комутаторот и четкиците намаат контакт. Ако не се користел не би требало да има дефект, освен може да се сменат електролите на цела плочка, заедно со исправувачкиот дел.
ако успее некој и да најде шема на електрониката би било одлично, или да се помачи да ја “симне“
поздрав :)
-
Шема кај ке најдам за апарат стар 30 години. Ако знај некој фала однапред.