Е да, така е, успеваше на постари плочи, пред да почнат да ги делат BIOS-ите по ROM-ови во адресниот простор на EEPROM-от/FLASH-от.
Хммм... врз база на видеово, користи AMI BIOS. Aко може да најдеш dump од слична плоча (ист chipset, ист производител, различни периферии: LAN, аудио, број на PCI/PCI-E слотови, има/нема onboard VGA, итн.), можно е да може нешто да се направи, под услов и плочата од која ќе го најдеш dump-от да има BIOS од ист бренд (AMI, шансите се прилично големи да има BIOS од ист производител). Пожелно е да има и ист или сличен LPC I/O (различна ревизија е подносливо).
Ако успееш, пиши го моделот на плочата и дај линк од dump-от, можеби ќе успеам да искомбинирам нешто
.