Вчера добив еден уред кој требаше да проработи * од прва*,ама не беше така.Авторот погрешно поврзал две ножички на интегралното коло,но за среќа не го оштетил. Со едно CD4049 ,неколку пасивни елементи ,транзистор и релеј се добива уредче кое реагира на приближување.Сензорот е во вид на метална плоча 10 х15 см ,а во случајов е направен на пластична плочка на која е налепена алуминска фолија со натпис *туркај*.Предвидено е сензорот да се закачи на влезна врата на продавница и да сигнализира приближување на муштерија.Двата тримери служат за подесување на осетливоста,односно местење на осцилаторот на најголема осетливост.Во случајов се земени тримери 5-30 pF и по еден фиксен од 15 pF паралелно .Со секое доближување се активира релејот ,кој држи се додека не се оддалечите од сензорот на растојание барем 30-тина сантиметри.Еве ја шемата.