Немам сретнато податоци за транзисториве,ама принципот е очигледен - ствараат висок напон на некоја повисока фреквенција.Кај неонката е проблем да се *запали* инертниот гас.Тоа е моментално,а потоа напонот само ја *одржува* уклучена светилката(уредот изиграва значи стартер и пригушница!
.Уредот не троши многу,транзисторите немаат ладилници(мислам дека тука е проблемот).Сум отворил две-три вакви штедливи светилки,а најчесто страдаат поради преголемо греење.Принципот и склоповите се слични,а проблем е што гори или намотка или транзистор.Обично транзисторите носат некоја индустриска(работна ознака) и ги нема во каталог,затоа што на Запад никој не ни помислува да поправа вакво нешто.Пред некој пазар продаваа
вакви сијалици по 100 ден./парче,ама не земав оти даваа некоја жолта светлина,а не бела.