Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: Slagjan on 06.03.2014, Thursday, 11:38:54
-
Дали има некоја шема плоча со 5 лед и опорници,обична шема лед додите само да светат.
-
Дефинирај го насловот и прашањето (што, како,зошто, со што итн) зашто вака ќе има разни потпрашања и разни предлози и мислења.
-
На колкав напон мислиш да ги користиш ?
-
Слаѓан и останатите :по стоти пат ве опоменувам да си ги прочитате Правилата на Форумот.Бидејќи барем три пати во последниот месец го стававме линкот како да се дојде до нив ,нема веќе да повторувам! Таму дословно и со пример е дадено како и каде се отвора и пишува нова тема! Поправи си го насловот или темава оди во кош!!
-
Пиши подетално, вака едино некој видовит може да ти одговори.
На кој напон сакаш да работат?
-
Веројатно по една недела ке ни одговори. ???
-
На колкав напон мислиш да ги користиш ?
На 3V или 9V,јас имам опорници од 1,2 kΩ да ги искористам..
-
Батка,оди повторно и смени го насловот вака : Како да поврзам 5 LED диоди?
Споено мислење: 06.03.2014, Thursday, 22:55:48
Не можеш да ги поврзеш сите 5 диоди и да ставиш 1,2к во серија - ниту на 3 ,ниту на 9 V. Побарај на Форум ,има пост на кој постои калкулатор за отпорник сериски врзан на ЛЕД за одреден напон!!
-
За 3в не ти треба никаков отпорник, врзи ги паралелно и тоа е тоа...
-
Еве еден линк,со калкулатор ,па мислам дека ке ти биде појасно
http://www.hobby-hour.com/electronics/ledcalc.php
-
Ако баш мора да ги користиш тие отпорници од 1K2, тогаш може да ги поврзеш како на сликата.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/5_Leds_zps2fede6cb.jpg)
-
Многу е 600 оми на 9V.По калкулаторот за напон 9V е 350 оми средна вредност ,или 360 оми за 19,44 мА, односно 330 оми за 21,21 мА потрошувачка по диода. Ова е добро ако ЛЕД не се од оние * брајт* серии,ами обични.
-
Така е, но бидејќи не знаеме точни податоци за LED диодите, може само да си нагаѓаме.
Инаку и со овие вредности, би требало да светат LED диодите, со струја од 11-12mA низ секоја диода.
-
Еве ти два калкулатори за LED диоди.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10653.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9500.0
-
Зан сликата со диодите ја направи во некоја програма за шеми или ја најде од интернет
-
Зан сликата со диодите ја направи во некоја програма за шеми или ја најде од интернет
Јас ја нацртав, програмата се вика Altium Designer.
-
Ако имаш само 1к 2 отпорници,врзи на секоја диода по три парчиња во паралела 8)