За одлемување овој чип може да се одлеми и тоа не е никаква филозофија. Истиот да се залеми повторно неможе. Ако сакаш да го одлемиш слободно нагоди ја температурата на 380 степени, и дувај дирекно врз него. Првен окулу него загреј ја околината окулу 1 минута, па после врз него и ке се одлеми. Е после веке неможе да се залеми. Ова пакување се вика BGA или FBGA (зависи од распоредот на пиновите). Овие уште од фабрика се припремаат за лемење и ако некогаш се извади, неможе повторно да се леми. Имено на неговите ногички има оставено прилично доста калај (направени топчиња) и тие кога се топат се нафаќаат на штампата и на метлниот дел од чипот. Кога ќе го извадиш чипот тие топчиња од калај се веке стопени и ги нема, а нови скоро и да е невозможно да направиш (од искуство ти кажувам). Јас сум успеал да залемам еден ваков веќе одлемен со 32 пина. 2 дена нервоза и залудни обиди и конечно успеав, идејата е во некој борум, и една паста што незнам како се вика, и со нив можат да се направат прилично добри количини на калај на пиновите, но и со нив е екстремно тешко. За ентузијастите нема граници, па пробувај, експериментирај, можеби ке успееш.