Author Topic: Спрееви корисни во електрониката  (Read 2186 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Спрееви корисни во електрониката
« Opened on 09.07.2010, Friday, 11:56:02 (Edited 17.10.2014, Friday, 11:52:58) »
Иако директно неможе да се сметаат во алати сепак спреевите за електроника може и тоа како да ве спасат во многу незгодни ситуации. Во оваа тема ќе обработиме какви спрееви постојат и за што тие се употребуваат.

Најчесто употребуваниот спреј за кој знаат и авто-механичарите е WD-40 таканаречен (кај нас на балканот) и Одвијач се користи најчесто за олабавување на зарѓани матици, мало обезрѓување или мало подмачкување. Бидејќи овој спреј е малку „јак“ за користење во електрониката не се препорачува да го користите освен ако немате избор.

За работа во електрониката се препорачуваат специјално дизајнираните спрееви за електроника на Philips, Blue Bird, PRF и слични фирми.

Видови и употреба:

1. Посен контакт спреј - се употребува за елементи на кои треба да им се исчистат контактите (подножја, прекинувачи, слотови, конектори) а не треба да бидат подмачкани.



2. Мрсен контакт спреј - се употребува за чистење и мало подмачкување на елементи кои се во движење како на пример потенциометри, лизгачи, па дури и по дома како подмачкување на шарки на врати, рачки, кваци и се друго што крцка.



3. Воздушен спреј - спреј кој содржи сув чист воздух за чистење од прашина на недостапни места. Најчесто се употребува пред употреба на горните два спреја за да бидете сигурни дека нема прашина.



4. Cold спреј - интересен спреј кој лади на местото каде што се прска. Намената на овој спреј е пронаоѓање на ладни лемови или проблеми со некое интегрирано коло. Имено, доколку уредот кој го сервисирате работи со „потчукнување“ и некогаш работи а некогаш не работи со прскање на овој спреј и ладење на одредени делови од плочката можете да откриете каде е ладниот лем, прекинот на плочата или кое интегрирано коло има внатрешен невидлив прекин.



5. Plastic спреј - Спреј за лакирање на водовите кај печатените плочки, создава слој на лак кој има својства на прозирна пластика и е електрички непроводен со што ќе спречите кратки споеви и оксидација (црнење) на бакарот на плочката. Да се напомене дека плочката треба да биде исчистена со алкохол пред нанесувањето на овој спреј.



6. Силиконски спреј - Сличен на Plastic спрејот но наместо пластичен слој дава силиконски слој кој е отпорен и на висока температура и не е лизгав.



7. Антистатички спреј - Спреј за заштита од статички електрицитет, ги третира површините што можат да создадат статички електрицитет (пластики) и ги прави да неможат да се наелектризираат.



8. Графит спреј - Спреј за поправање на потенциометри со додавање на нов слој на графит (мора да го расклопите потенциометарот за да можете ова да го направите. Исто корисен и за поправање на мембрански тастатури (на пример на дигитрони и безжични телефони) на кои тастатурата не им работи заради истрошениот графит на копчињата (прскате на гумата а не на плочката!!!). Сепак прво пробајте да го средите со контакт спреј, најчесто успева.



9. Фото лак - Ова е спреј кој се користи при правањето на ППК со фото постапка. Имено, плочката се прска рамномерно со овој спреј и над него се става испечатениот изглед на ППК што сте го испечатиле на прозирна фолија и сето го ставате под UV ламба (неонка или неонки). Како работи - таму каде што фолијата е прозирна UV светлината не дозволува фото лакот да се стврдне а таму каде што има водови (е црно) фото лакот се прави слично како пластик спрејот со што со миење на плочката потоа остануваат лакирани само водовите и со ставањето во киселина тие се заштитени и успешно правите ППК. Најпознат фото лак кај нас е Positiv 20



Постојат и многу други спрееви кои се корисни во електрониката а сигурно ќе излегуваат и нови но погоре спомнатите се најчесто употребуваните и најкорисните.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Доста корисни информации, за повеќето од спреевите знаев дека постојат (иако лично не сум користел ниеден), но особен впечаток ми остави графит спрејот, не низнаев дека постои такво нешто ;D. Обично зезнатите грефитни контакти (најчесто на далечински управивачи) ги поправав со лепење на алуминиумски фолии за контактите со супер лепак (што е мачен и долг процес), но овој спреј е супер решение ;D. Исто така ми имаат спомнато (некаде, не ми текнува сега каде) дека имало и некакви типови на специјални моливчиња кои го со „чкртање“ по графитниот слој на контактот го пренесувале графитот на контактот, ама никогаш не сум прашал дали навистина има некаде или каде се продава.

Како и да е, доста корисни информации, браво Борче ;), +rep ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Sajko

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
  • Gender: Male
Со другар ми DARK размислувавме за правење ППК со фото постапка може ли да ни кажете отприлика колку е  POSITIV20 и каде е најевтин, хартија имаме со ламба ќе се снабдиме!
R135
└┼┼┤
  246

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
негде околу 800 денари беше малечко спрејче дали имаше 250мл не сум мн сигурен, премногу е скап, а ако си почетник во таа постапка едно такво не ти стига додека да се научиш правилно како треба :(
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одлични информации кои треба да ги знаат сите членови на форумов...
Но јас од лично искуство би додал неколку мои видувања од користењето на овие спрееви...

Секогаш кога е тоа можно не ги користам спреевите...Тие само моментално го решаваат проблемот, а понатаму можат да направат толку многу голема збрка, да тоа е чудо едно...
Прктикувам елементите кои се оштетени да ги заменам со нови, односно доколку е можно да ги расклопам и да ги исчистам рачно, т.е. ако станува збор за потенциометар да го очистам и оставам така...Доколку местото од х причини е недостапно, и сум приморан да користам некаков контакт спреј, тоа практикувам да биде посниот спреј...Брзо се суши и ги отстранува сите корозии кои се нафатени на контактите...Доколку користите мрсен спреј, ефектот првично е добар, но по некое време има контра ефект...Се насобира многу повеќе прашина, а во тој случај чистењето е многу потешко и понапорно...
Графитниот спреј сум го користел и секогаш сум имал негативен ефект...Најдобра примена има при премостување на графитни водови (флет кабли кај многу дисплеи на авто радија) но решението е релативно со кратко време на траење...Кај далечински управувачи исто така не го препорачувам бидејќи прави поголем проблем него што има бенефит од него...Графитот пука и останува на плочата од далечинскиот управувач и постојано прави контакт...
Спреевите за правење на плочки се корисни и се ефикасни...Пред околу 17~18 години беа многу атрактивни кога изработувавме плочки во средно училиште по практична настава...
Спрејот за ладење е многу ефикасен во брзо и прецизно дијагностицирање на дефекти, но е релативно скап..За „играње“ не го препорачувам :D
Спрејот за дување на прашина е ист така многу ефикасен кога се оди на терен и тоа за попрецизни работи (ласери и сл)...Цената за таква намена му е позамашна, па доколку немате потреба од таков спреј, може добро да ви послужи и шприц и цревце кое може да го вртите во секоја насока...Не е до толку ефикасен но знае добро да си ја заврши работата :)
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...