Таа цела машина треба да се среди како што треба, не само напојувањето, се во неа. Треба да се разглоби целата (плочата да се извади од лежиштето во куќиштето, пред тоа графичка, RAM, CPU, се тоа да се извади од неа), се да се исчисти со правосмукалка и четкичка, вклучувајќи го и куќиштето, па се пак да се стави назад. Е тогаш треба да се види што може да биде проблемот. Вака нагаѓам на празно, може да биде се, од напојување до лош IDE/SATA конектор, лошо поврзан конектор (нема добар контакт) итн.