Батериите се Li-Ion-ски. Во случај да мислиш да ги полниш директно преку полначот, без контролата за полнење, да знаеш дека тие
мора да имаат контрола над процесот на полнење, инаку ќе се оштетат (а во некои ретки случаи, може и да експлодираат). Општо, не си играј со конкеторот за батеријата, склопи ја батеријата пак назад и врати ја на лаптопот... особено не си играј со ништо волку осетливо (како лаптоп) кога немаш алат при рака. Не го чекај сега лаптопот, среди го кога ќе дојдеш дома. Нема да имате музика, филмови, facebook, ова она... ајде сеа, тоа е тоа, не мора па се да се post-ира online
и да се гледаат филмови навечер
. Како се забавувале луѓето пред да стане технологијава толку достапна, така и сега ќе се забавувате и тоа е тоа
. Не е ништо страшно
. Ако ти треба колку за проверка на mail и некои дополнителни работи, ете, имаш smartphone, ќе си го користиш него и готово
.
И тоа што го пиша batka е точно, шансите да ја изгориш плочата се големи, не си прави дополнителни трошоци. Од страната на батеријата, матичната плоча нема стабилизатори, PWM контрола над напоните и MOSFET-и за напојување (или можеби има, но не се исти како оние од страната на полначот). Не е муабетот „врзи плус со плус, минус со минус“, не е баш така. Понекогаш, има и напони кои се земаат измеѓу секоја од ќелиите. На пример, на некој дел од лаптопот му треба напон од +5V, па сигурно нема да зема напон од сите 4 (или колку и да се) ќелии врзани во серија. Ќе земе од, на пример две (3.6V + 3.6V = 7.2V), па по стабилизација (дали PWM, дали линеарна, тоа веќе зависи од изведбата на самата матична плоча), ќе добие +5V, онолку колку што му треба. Овој напон не можеш да го добиеш директно од самиот полнач, па можно е, ако го нема, да се случат една од две работи: или нема да работи лаптопот, или ќе изгори плочата. А освен се ова што го напишав, го забораваш и фактот дека најчесто полначите даваат напон поголем од 18 или 19V. Вкупниот напон на на батериите најчесто е понизок.
Инаку, овој квар и не е така тежок за поправање, доколку имаш соодветен алат на располагање. Бидејќи немаш, тоа е тоа... остави го лаптопот на страна, кога ќе дојдеш дома, ќе најдеш начин да го прицврстиш искршеното делче од конекторот (со лемење, лепење, бушење, стегнување со додатни парчиња метал или лим... се зависи од тоа како е изведена плочката, тоа треба да се види и врз база на тоа да се одлучи како ќе се репарира скршениот дел).