Навистина не ми е јасна оваа опсесија со Frames Per Second. И онака човечкото око не може да направи разлика ако бројот на фрејмови е над 50-тина, навистина не гледам поента да мора да има 100 FPS или не знам колку . Па и да сецка малку, големо чудо... исвинете вака, ама младиве за некои работи се аздисани, ние се радувавме ако не сецка многу (да не биде slide show), вие барате ем ич да не сецка, ем се да пушта, ем да биде евтино . Такво нешто никаде нема. Па и да не се пушта играта на DirectX 10... сега барем има хакови за вакви работи online, луѓето изнаоѓаат 1000 различни начини да пуштаат нов софтвер на стар хардвер, а баш за игри има најмногу вакви хакови (не можете да најдете wrapper за 16 битни апликации да може да се пуштаат на x64 оперативни системи, но затоа може да најдете емулатори дури и за 8 битни игри ).
Не можеш така да ги релативизираш работите. Тоа е како да кажеш, абе луѓево се аздисани, купуваат хонди, фолксваген, кога едно сочувано југо ќе им заврши работа.
Енивеј, идејата позади ФПС не е така едноставна само околу тоа дали разликата во бројки ќе биде видлива со голо око. Во друга тема би се произјаснил зошто е тоа така, но да не ја ширам овде дискусијата.
Идеално е да не паѓа под 60FPS, што е стандард рифреш рејт за мониторите.
Е сега, дека ќе има разлика меѓу едната и другата графичка во игри, апсолутно сум сигурен, и затоа велам дека во сите игри каде што 9800 може да ги вози, што значи имаат DX ниво од најмногу 10, ќе ја прегази 610. Во друг случај, игри што бараат DX 11, 610 ќе може да ги пушти, но реално нема да извади некој перформанси од нив или елементарно ниво на игривост. (освен на 800x600 со тотална нула од ефекти
)
Имајќи предвид дека DX11 игрите се многу ретки, а и дека останатата конфигурација исто така не е многу јака да ги вози, заклучувам дека 9800 според мене е подобра.
Без навреда, ама темава некако ептен се расплини за една обична графичка карта .
Се слагам. Иако и јас учествував во темава и можеби звучев грубо (еве се извинувам ако е тоа така, не сум таква душа ве убедувам!
), само сакав да дадам најдобар придонес во темата и да го споделам моето знаење од овој свет со што би се развила поквалитетна дискусија.
Поздрав, и оди земи си веќе една графичка.