Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Acki2009 on 02.01.2012, Monday, 20:29:43
-
Значи плочата има проблем околу палењето, ги заменав поголем дел електролити посебно тие што се до процецсорот и плочата неќе пак да запали и зедов фен за коса ја загреав плочата до одредена температура стискам на копче и се запали после тоа нема никаков проблем со палењето ја оставив и повеке од 3 саат да се излади со прво прицкање на power се запали и го исклучив напонското од струја на кратко за нецела минута пробувам прицкам на Power плочата неке да се запали и пак ја заеграв со фенот се запали сама и се океј си работи. Дали може да ми помогнете како да го решам овој проблем значи ако напонското го исклучам од струја и со повторно уклучување несака да запали а од кога ќе ја заегреам ќе запали и нема никаков проблем се си работи океј го исклучувам преку windows значи работи се нормално се додека напонското е уклучено на струја од кога ќе го исклучам напонското после тоа плочата неке да запали се додека не ја загреам со фен.
-
Мене ми личи проблемов како на лоши контакти на chipset-от со плочата. Можно е да е и статички електрицитет или самото напојување. Ако работиш со џемпер, соблечи го џемперот. Ако немаш пробано со друго напојување, пробај и види дали ќе сака така да запали. Ако има повеќе RAM DIMM-ови, пробај да ја запалиш само со еден. Уште подобро, пробај запали ја плочата само со CPU и еден RAM DIMM. Ако beep-ка BIOS-от секој пат кога ќе ја запалиш, можно е и проблемот да не бидат лоши контакти со chipset-от. Можно е и некој друг проблем да има. Можно е и просторијата во која е наменет компјутерот да се користи да е премногу ладна, па да не сака да се запали PC-то (можно е определен чип да не сака да „запали“ при определена пониска тепература, па тоа да прави проблем).
-
Значи пробав со друго напојување пак исто, не верувам дека е до надворешната температура каде што е компјутерот оти работел 2 години на истото место.
-
Епа тогаш пробај некои од оние работи кои ти ги пишав. Стави само CPU и еден DIMM на плочата. Ако секој пат кога ќе ја пуштиш титка, не би требало да бидат ладни лемови на chipset-от проблем, некој друг проблем можно е да има. Треба да се види и во BIOS-от да не имаш нешто наместено, како на пример Turn on by PCI Ring или некоја слична опција, можно е да имаш ставено нешто на PCI што прави проблеми.
-
Не си пишал за која конкретно плоча се работи.Тоа може да биде многу важно.Гига добро ти рече,а јас морам да додадам дека сепак типувам на некој ладен лем,слаб контакт или напојување.Земи со друго напојување пробај,можеби имаш некој подуен кондензатор.Потоа ,ако можеш извади го кулерот од процесорот и види да не има некој подеуен кондензатор ,од оние за 3,3V кои најчесто се наоѓаат скриени под алуминиумскиот ладилник. Ако пробуваш со копчето ,можеби е кварот до него,па пробај директно со штрафцигер на пипците на самата матична.
Извини,сега видов за која плоча се работи ;D Бидејки се работи за фирма од Виетнам добро провери ја теоријата за ладни лемови бидејки калајот е многу лош.
-
Копчето не е бидејќи работам со извадена плоча од куќиште, инаку кондензаторите се океј измерени се, не напоменав дека се заменети кондензатори на плочата и пак истото го прави не сака да запали ако го извадам напојувањето од струја.
-
Отвори го напојувањето и види дали имаш некој подуен кондензатор.Најлесно е со ново напојување да пробаш.Во краен случај најди некој што има дувалка на топол воздух и помини ја цела плоча( најважните делови).
-
Епа изгледа сепак се ладни лемови во прашање. Кога пробуваше, проба само со еден DIMM и CPU?
-
Како што го разбрав ,проблемот настанува кога ке го исклучи напојувањето од мрежа 220V. Мислам дека најпрво треба да проба со ново напојување.Ми се случило на молексот да има изгорено( зашмелцувано!) контакт и поради тоа вакви проблеми.
-
Мислам дека најпрво треба да проба со ново напојување.
Мислам дека има пробано со ново напојување... добро, можеби не ново, ама друго ;). Пак се јавувал истиот проблем :S.
-
Јас претпочитам ново,нераспакувано ;D ;D
-
Јас претпочитам ново,нераспакувано ;D ;D
Добро, да, најдобро е со такво, ама и да нема ново, доволно добар избор е и некое друго кое знае дека е исправно, односно да го извади од некој компјутер кој супер си работи ;).