Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: daniel spasovski on 07.11.2010, Sunday, 15:58:41

Title: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 07.11.2010, Sunday, 15:58:41
Еве колеги чепкав по нет и најдов една шемичка  ;D за напојување од компјутер  ;)
Можеби на некој ке му користи затоа што е од стандардните постари напојувања за компјутер  ;)
Code: [Select]
http://www.circuitsarchive.org/index.php/200W_ATX_PC_Power_Supply
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Malecko on 07.11.2010, Sunday, 16:04:56
Најди некоја шема за 250W Power supply па и погоре 300,400-500W.
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 07.11.2010, Sunday, 16:10:12
Даниел,веке три години вакво нешто не ми донеле за сервис ;D ;D ;D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 07.11.2010, Sunday, 16:11:04
стара шема батка  ;D

Споено мислење: [time]07 Ноември 2010, 17:14:29[/time]
Малечко не најдов 400 ватно напојување ама го најдов овој прирачник и супер работа е ако го имаш  ;)
Code: [Select]
http://repairfaq.ece.drexel.edu/sam/smpsfaq.htm
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 07.11.2010, Sunday, 16:52:16
На овие страници сигурно нешто ке најдеш :

Code: [Select]
http://www.geocities.com/pa_schematics.html
Code: [Select]
http://schematy.tripod.com
Code: [Select]
http://vrtp.ru
Кодирај линкови!

Споено мислење: 07.11.2010, Sunday, 18:41:21
Се извинувам за кодирањето! Еве една шема со преправка на напојување 400 вати
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 08.11.2010, Monday, 14:44:50
Батка земав старо напојување од цигански пазар па ке може да ми кажеш како да го преправам за да добијам поголем напон ??? Еден другар ми рече дека на некое место на некој отпорник треба да се стави потециометар и со него ке го регулирам излезниот напон ама каде треба да се преправа тоа ???
Ајде помош батка  :-[ .....
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Malecko on 08.11.2010, Monday, 19:42:54
Батка земав старо напојување од цигански пазар па ке може да ми кажеш како да го преправам за да добијам поголем напон ??? Еден другар ми рече дека на некое место на некој отпорник треба да се стави потециометар и со него ке го регулирам излезниот напон ама каде треба да се преправа тоа ???
Ајде помош батка  :-[ .....
Aххх едно време ја занев финтава како беше,ама не ми текнува... >:( Имаше некоја финта кај тоа колото KA7500/TL494 се одлемуваше едно ноџе и отпорникот до него и место отпорникот се ставаше потенциометар и на излезот наместо 12 волти можеше да си поставиш колку волти ти што сакаш ама максимум 12,супер финта беше башка имаш 12V 250-300-400-500W напојување ах да ми текне ќе ти кажам,мада и ќе чачнам на нет нешто да не случајно ја видам таа финтицата. ;D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 08.11.2010, Monday, 19:47:37
ај малечко види нека ти текне на финтата да добијам барем 20 волти симетрицно со 3-4 ампера  :D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 08.11.2010, Monday, 20:16:50
Симетрично напојување не можеш да добиеш,а ако покушач сигурно нешто ке прегориш!  ;D
Што се однесува до повишувањето на напонот оди и подробно побарај на www.elektronika.ba.forum (http://www.elektronika.ba.forum), ама не знам дали ке успееш и тоа да го направиш,треба да имаш многу повеке знаење за тоа.
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 08.11.2010, Monday, 20:25:05
Епа батка тогаш некој совет за обичен напон како да го покачам  ???
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: ShAdOw on 08.11.2010, Monday, 20:28:02
Еве тука имаш модифицирање на напојување од пц само да ти напоменам (како што ти кажа и batka) ова е посложена работа и од една грешка ќе има огномет дома  ;) ;D.

Code: [Select]
http://www.qrp4u.de/docs/en/powersupply/
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 08.11.2010, Monday, 20:30:41
Колеги јас ова го сваќам ама мене ми треба слика од напојувањето обележана кои делови треба да се сменат а не вака зашто шемата е голема  :o
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Malecko on 08.11.2010, Monday, 20:31:38
ова е посложена работа и од една грешка ќе има огномет дома  ;) ;D.
A aко стави сериски сијалица со напојувањето,ќе се намали огнометот  ;D :D :D?
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 08.11.2010, Monday, 20:42:07
Даниел,сите напојувања се скоро различни! Не можам директно да ти кажам( не е нешто универзално!) и да ти обележам!!! Погледај ја шемата на напојувањето што ја ставив - ке најдеш ли такво и стриктно такво?????? Таму некои работи се веке објаснети, треба да знаеш да читаш од шемата.Ама прво во танчина треба да го научиш напојувањето и работата на секој дел!  Ако знаеш да читаш руски  ;D ;D ;D ке ставам еден руски фајл да научиш  што ти треба!
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 08.11.2010, Monday, 20:49:57
Напојувањето ми прегоре  :P изгореа конверторите  :P Ништо утре ке одам одсабајле на стар пазар ке земам напојување и ке видиме што ке направиме од него ... (детално ке ви го опишам) ке го сликнам и тогаш сигурно ке можете да ми помогнете .. Делот кај што треба да се замени ке ми го заокружите  :)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 08.11.2010, Monday, 20:52:52
Ке треба сите да ги заокружима сигурно ! :D :D :D ;) Еве ти една руска приказна како се поправа напојување за ПК ! 8) 8)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: deophorant on 09.11.2010, Tuesday, 13:03:05
Компјутерско напојување, евтино, моќно, на циган-пазар бадијава (ако работи), а преправка негова само за инжињери, можеби магистри, и тоа оние подобрите. Тоа е така дизајнирано да било која преправка може да направи само штета. Мислам дека некаде на форумов сум пишувал за тоа, но ајде еве пак. Може да се промени напонот на напојувањето во граница од 3 до 4V. И таа промена е штетна, како за напојувањето така и за уредот што го напојува. Треба да се промени негативната повратна врска од излезниот напон спрема Error Amp на TL494. Ништо посебно. Таа промена на напон, ке предизвика промена и на прекинувачката фреквенција а и во голема мера на односот струја- D фактор. Тие 2 параметри се критични за напојувањето. Индуктивноста на главната намотка + индуктивноста на намотката во повратната врска, заедно со серискиот кондензатор преставуваат едно полурезонантно коло. Тие се така нагодени да транзисторите се исклучуваат со мали вредности на напонот и струјата (надвор од критичните подрачја). Тоа е и идејата што главната струја се врака во побудото трафо, да таа таму направи флукс кој ке треба да го засити јадрото, да не ја гледа влезната струја. и тоа е така напеналено да работи на константен однос I/D и математиката за тој систем да биде стабилен е цела наука. Секое бегање од тие вредности ја намалува сигурноста за 98%. Можни последици се пркумерно греење на транзисторите, големи пикови на излезниот напон како и падови на напони (ESR на прекинувачките кондензатори не е усогласен да може да ги поднесе тие струјни удари кои ке ги задаваат транзисторите) и ако тоа работи векот на транзисторите ке биде за 200 пати помал (имаше една ваква студија кој ја слушав на еден симпозум за индустриска електроника во бања лука). Бидејки ке се зголеми греењето, коефициентот на полезно дејство се намалува под 60%, а ако напојувањето е 500W RMS ке стане 200W пик. А каде е тука маката да се направи сето тоа, да се пребаруваат шеми, и на крај само штета да се направи на уредот што се напојува. За тие цели се користат трансформатори, или ако толку е битно да е прекинувачко, направете флајбек, со TopSWITCH (до 170W) и бркајте работа. Од тоа комјутерското напојување се што може да се направи е да се променат напоните за 30%, со огромна несигурност во работата, намалување на ефективната снага, намалување на животниот век на напојувањето, и на крај штета, која ке морате да ја платите сами. Сите овие недостатоци се со големи коефициенти со што мој заклучок е ако може да се искористи напојувањето како такво ОК, ако не да не му се прават преправки, да се најде друго решение. Кој сака да експериментира, слободно, но секако тој си одговорен за сите последици, мое е само да ги пренесам моите искуства со овој тип на напојувања.
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: ShAdOw on 09.11.2010, Tuesday, 13:31:34
Браво за објаснувањето deophorant реп+ од мене  ;).
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 09.11.2010, Tuesday, 13:32:20
Ха ,ха Даниел,ако успеа да го растумачиш последниот пост ;D ;D ;D зафати се и преправај напојувања.Ако не,.... ке ти чувам некое поправено ПК напојување
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 09.11.2010, Tuesday, 20:02:45
хахахахха Не го растумачив батка дај зачувај некое преправено напојување  :D :D :D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: deophorant on 09.11.2010, Tuesday, 20:58:41
Ајде уште малку да појаснам, што се треба да се промени за да напојувањето работи барем со експоненцијална функција на стабилност, барем со еден пол во негативна оска и без нули блиску до половите од функцијата за стабилност. Ако теоретски се постават равеките за стабилност, коефициентната матрица содржи членови кои се најкритични, со тоа може да се доведе напојувањето до константа работа без осцилации во системот, а за преодните подрачја се ке зависи од слободниот член (матрицата). Епа ајде што се е битно од теоретски аспект. Прв и нјабитен фактор е преносниот однос на трафото, и тоа е намотано за тие напони што се, и неговата индуктивност е таа како што објаснив претходно. Значи ако се менува напонот, треба да се смени и преносниот однос (бројот на навивки на главното трафо). втор член од таа матрица е сериската индуктивност, која сигурно ке се смени ако се смени преносниот однос, па тука како втор член се добива интеграбилно диференцијална равенка која ако се реши во доменот на транслација ке се види дека можат да се избегнат нулите во левата полурамнина со промена на сериската капацитивност. Од тоа следи дека за да нема нули овој член мора добро да се пресметаат и усогласат сериската капацитивност и сериската индуктивност на главното коло. Бидејки со промена на преносниот однос се менува и мегусебната индуктивност, ке мора да се смени и намотката од повратната струја во побудното трафо. Таму треба да се внимава на максималното В, за да отиде јадрото во заситување. Со тоа во стационарна работна точка може да се обезбеди лесна фунција на конвергенција кон координатниот почеток. Како четврт член од матрицата е ESR на влезното коло, кое го сочинуваат ESR на кондензаторите и ESR на сериските намотки, кај кои ESR треба да се пресмета на прекинувачката фреквенција со D = 0.5. Значи треба да се избере таков ESR (кој може да се нагоди со изботор на бројот на жици) да секогаш се добиваат пригушени осцилации во резонантното коло (сметајки дека транзисторите имаат голем транспортен фактор). Друг битен фактор е излезниот филтер, кој исто така му треба доста добра пресметка, за да не се појават ниски хармоници. Лошата работа е што без стабилизација во динамички режим, која ја скокнавме (оние отпорник и кондензатор паралелно на намотката на главното трафо) можат да се појават пониски хармоници од основниот. Бидејки во четвртиот член од матрицата се добива втор диференцијал и прв интеграл кој не корвегира (дел од трансцедентна равенка) единствено можно решение е со приближна апроксимација во фреквентен домен. После фуриевата анализа се добива дека од вториот извод ке излезат 2 ниски хармоници кои имаат коефициент поголем од 1, што значи дека ке има сигурни осцилации. Затоа на тие две фреквенции треба да се напенали излезниот филтер да има слабеење, онолку колку што ке бидат коефициентите пред половите од лапласовата трансформација. Ова не се решава едноставно затоа се добиваат уште 2 трансцедентни равенки кои немаат решение па мора да се примени теоријата на Љапунов за стабилизација окулу работната точка. После нејзина примена се добива стабилизација од тип Фокус. Ајде доста беа математики, кои и онака не се едноставни. Од електрична смисла, 12V излезниот напон има 16V кондензатори на излез, кои ке треба да се заменат. Без стабилизација од втор ред ке се појават големи пикови на напони во преодните подрачја од што следи дека ке треба да сезголемат работните напони на напојувачките кондензатори, а со тоа и на прекинувачките транзистори. Треба да се внимава на сите кондензатори, а особено на типон нивни и нивото на заштита, затоа што тие знаат многу јако да пукаат. Не верувам дека некој се нафатил да ги изработи овие преправки, освен јас кога истрашував многу за ова, и на крајот излезе дека е поисплатливо да си направам од почеток сите пресметки и целосен дизајн (секако исфрлајки ја опцијата да си купам нов кој е дизајниран за да работи така како што сакам која е далеку поевтина варијанта). А не дека неможе да се зголеми напонот на оваа варијанта, само се менуваат 2 отпорници во повратната врска. Еве мене што ми се случи после неколку обиди на првите тестови. Напојувањето работеше на 15V (на 12V излезот) и даваше стабилен напон. И кога ке го вклучам потошувачот, Се појавуваше осцилација која имаше тау окулу 100mS, и врвна вредност на напонот од 23V што е доволно да уништи некој интегралец. Тие осцилации се јавуваа точно на третинка хармоникот кои го споменав претходно. Имаше едно подрачје на оптеретеност од 2 до 6А каде се јавуваа константни осцилации со половинка хармоник со амплитуда од окулу 1V. Ова се случуваше поради гореспоменатите преправки кои не беа направени. И што ли уште може да ви се случи ако се направи измена само на тој начин (да се стави потенциометар наместо отпорник), и патем “батка“ ти како им направи преправки на напојувањата? Ако некој сака можам и да приложам и математички пресметки за сето ова, едно време скоро се пресметав освен функцијата на Љапунов, кој никако неможеше да стабилизира од тип Фокус, но ја добив од тип Центар. И сега се надевам дека ви се разјасни малку работата окулу измените и начинот на функционирање на овие конвертори.
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: DX-er on 09.11.2010, Tuesday, 21:01:02
daniel spasovski треба да го частиш хамбургер од 7ца колегата deophorant за деталното објаснување.
извинете за офф топикот
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Malecko on 09.11.2010, Tuesday, 21:40:01
daniel spasovski треба да го частиш хамбургер од 7ца колегата deophorant за деталното објаснување.
извинете за офф топикот
Па искрено јас би го частел deophorant дека стварно човекот се „уби“ од пишување,како што видовте и самите ;),само за да појасни нешто.Тоа стварно е многу добро од негова страна! :) ::)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: deophorant on 09.11.2010, Tuesday, 22:14:45
daniel spasovski треба да го частиш хамбургер од 7ца колегата deophorant за деталното објаснување.
извинете за офф топикот
Па искрено јас би го частел deophorant дека стварно човекот се „уби“ од пишување,како што видовте и самите ;),само за да појасни нешто.Тоа стварно е многу добро од негова страна! :) ::)

Вие само читајте и учете, прашувајте. јас ова го пишувам за да помогнам, да се научи повеке, па можеби и мене ке ми помогне некој од вас некогаш, затоа сме тука, затоа пишувам, а не за хамбургер  :D :D :D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 09.11.2010, Tuesday, 23:19:15
Колега незнам стварно што да ти кажам алал да ти е за ова што одвои време да ми појасниш и да сватив некои работи зашто не е добро да се преправа компјутерско напојување и за ова имаш еден голем РЕСПЕКТ + колега deophorant  ;)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Jove on 10.11.2010, Wednesday, 00:24:16
дание ако успееш да го преправиш напојувањето треба да му го подариш на деофорант за роденден  :P
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 10.11.2010, Wednesday, 15:47:35
Колку хамбургери имам да ти преправам некое напојување !? ;) ;) ;) ;)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Jove on 10.11.2010, Wednesday, 20:35:21
Колку хамбургери имам да ти преправам некое напојување !? ;) ;) ;) ;)
ту батка имаш само некои лудо смешни коментари како тоа со цигар и цигара и ова ;D ;D ;D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 10.11.2010, Wednesday, 23:03:07
Батка не ми се исплати зашто едно PC напојување е 50 денари а за старт само еден хамбургер е 70 денари  ;D ;D ;D Извинете за офф топик
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Malecko on 10.11.2010, Wednesday, 23:27:45
Батка не ми се исплати зашто едно PC напојување е 50 денари а за старт само еден хамбургер е 70 денари  ;D ;D ;D Извинете за офф топик
Eпа 20 ден работна рака ахаххаха :D :D :D :D ;D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Bojan on 10.11.2010, Wednesday, 23:32:41
ако сака некој преправено напојување прашајте го коста (така му е никот на форумов) дали ке може да ви направи некое такво, знам он ги преправа за колкав напон сакаш....
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 11.11.2010, Thursday, 16:09:41
Изгледа се не ти се разјасни тебе!? ??? Бадијала да сликам и заокружувам.
Еве батка најдов има и шема за сите тие преправања  :)
Code: [Select]
http://www.elektronika.ba/forum/viewtopic.php?f=1&t=8434
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: VLATKO* on 12.11.2010, Friday, 17:37:02
еве го линкот
Code: [Select]
http://320volt.com/akim-voltaj-ayarli-atx-smps-guc-kaynagi-modifiye/
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 12.11.2010, Friday, 23:51:38
Колега добар е линкот ама дали ова е сигурно пробано и на какво напојување да не се зезнам  :o
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Jove on 13.11.2010, Saturday, 00:27:11
тууууууу де гледаш дека е пробано а и ако не е ке го фрлиш што си запнал па ти со овие напојувањава ??? ??? :P :-* ;D ;)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: daniel spasovski on 13.11.2010, Saturday, 00:32:31
Епа кога е така работата колега нема да го фрлам има еден куп корисни делови - кондензатори , намотки , ладилничиња, кулер и уште многу делови  :)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Jove on 13.11.2010, Saturday, 00:45:06
е па све што се напојува со струја а се фрла оди кај мене во работилница ;D ;D :D
работилницата е канта за стари работи ;D ;D >:(
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 13.11.2010, Saturday, 20:53:10
е па за мене канруја а е расипано оди кај мене у работилнивата е мојата работилница све  што се напојува со струја оди кам мене во работилница ;D ;D
Дали некој ова го разбра? Пишувајте и проверете ја исправноста на написот..Важи за сите,не само за овој случај.
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Jove on 13.11.2010, Saturday, 23:02:21
ај сега види батка ;D ;D поправено е господине батка ;D ;D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 13.11.2010, Saturday, 23:04:50
Пишувајте кирилица и македонски - тоа е и смислата на форумов.А богами правописно.
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: MAKEDONIA on 14.11.2010, Sunday, 16:54:28
se nallutil grbul na strbul
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: batka on 18.11.2010, Thursday, 21:24:06
Македонија ти си привилегиран со латиницава  ;D
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: BorceBT on 19.11.2010, Friday, 15:00:29
Изгледа дека ќе треба да испратиме тим до шведска специјално на MAKEDONIA да му ја подесат кирилицата на неговата линукс-машина :)
Title: Одг: Шема на едно компјутерско напојување
Post by: Malecko on 22.11.2010, Monday, 03:39:37
Даниел имаш напојување?Најдов како иде тоа со промена на напонот,ама не верувам дека ќе ти даде 20 волти на излез... ;) :) Ако имаш напојување кажи. ;) ;D

Споено мислење: 22.11.2010, Monday, 03:44:13
Ако напојувањето има некое од овие кола,ќе бидне нешто од него ако не sh*t ;D.Еве кои кола KA7500B,TL494, HA17339, KIA494, KA7500, IR3M02 и MB3759 ако има некое од овие ќе го направиме,мада во 98% од напојувањата се KA7500B или TL494 така да немај гајле ;) :D