Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Bojan on 20.03.2014, Thursday, 18:15:53
-
значи имам еден компјутер што не сака да се пали, цел беше склопен кога го донесоа и на видео излезот ништо немаше (на монитор ништо не се покажуваше) ја извадив графичката го закачив мониторот на on-board графичката што ја имаше ни така ништо не се покажуваше. после тоа го извадив рамот да видам дали ке почне да титка, ни тоа го нема...на матичната само е останат процесорот... значи кога ке се стисне копчето за палење почнуваат кулерите да вртат (за напојување и за процесорот) а не се случа никаков звук од звучничето...иначе напојувањето е ок.. па што би можело да му биде муката ако знае некој да каже...
-
Ај види дали ,,мостовите" греат ?
-
Можно е ама не сум сигурен и БИОС чипот да му е отиден.Пошто не се подига ни Виндоусот ни дава некакви тонови
-
Biosot нема врска со подигањето на ОС,во случајов.Треба прво да добиеш * црна слика-бело писмо* .Во овој случај извади ја батеријата од матичната 1 минута ,па врати ја.Така се ресетира компјутерот.Смени ново напојување ( не ми кажувај -старото е исправно! ;D)- пробај со ново!! Исклучи се ( HDD.DVD,мрежни...) и види дали свири без графичка,без меморија... Ако не свири ,отидена матична,без резерва.
-
Оваа матична плоча не дава никаков излез на монитор (никаква слика) додека не ставиш рам меморија (исправна) пробај со друга рам меморија и ресетирај ја плочата како што рече Батка извади ја батеријата на 2-3 минути :) ;)
-
Дали го има VCORE напонот, напонот за рам меморијата 1.8 волти напон за чипсетот 3.3в,5в,2.5в, дали ти грее north bridge чипсетот ...
-
Многу прашања незгодни му постави . 8) Да знаеше каде и како да мери не ке прашаше тука. Во секој случај,смени друга РАМ и напојување/Ако нема резултати,барај нова матична.
-
не прави експерименти .
Извади се освен процесорот со кулерот ресетирај го биосот ( извадија батеријата и премости го џамперот обично е некаде околу батеријата и пишува bios res држи една минута и врати батерија и џампер на иста позиција ) вклучи ја плочата , види дали пушта пост сигнали (свирка).
Ако почне да свири ставај рам и вклучувај едно по едно се на нејзе ,ако не дава сигнали најверојатно е одлемен чипсетот или некој електролит или повеќе се отидени ако е второво смена на истите ќе ти го продолжи животот на плочата но треба да знаеш да ги смениш...
-
Washing a Motherboard (http://www.youtube.com/watch?v=De8BV-2mxec#ws) РЕШЕНИЕ само стави повеќе SPIN
-
го пуштив да поработи некои 10 минути компјутерот само со процесорот на матичната, north bridge-то како се нема загреано (барем не на допир), south bridge-то е загреано (може со рака да се држи)
(како што знам south bridge e тој што е поблиску до батеријата)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/a30333fe39432781418ca7f9b1330b9f.jpg)
сега ке ја вадам батеријата да видам како ке биде со свиркањето и со ново напојување па ке пишам што испадна
-
Јас би му ги сменил оние плавите електролити 6 ком. околу процесор и трите лево скроз.Без мерења - комплет.
-
за менување ке треба да му кажам на дечкото дали ке сака, а и таа што ја има е верзија 5.0, таа на сликата е 4.0 и може само тие 3-те кондензатори скроз лево да се сменат, дие другите се некои smd што неверувам дека тука би можеле да се најдат...
-
Убаво ти кажа батка за електролитите ја имам сервисирано оваа плоча плавите се ѓубриња кои откажуваат
-
за менување ке треба да му кажам на дечкото дали ке сака, а и таа што ја има е верзија 5.0, таа на сликата е 4.0 и може само тие 3-те кондензатори скроз лево да се сменат, дие другите се некои smd што неверувам дека тука би можеле да се најдат...
Тие што се 3те лево се за исправување на 12в значи не се толку битни а другите се 4 волти за филтрирање/исправуње на напонот на процесорот VCORE што треба да е 1.2в така да прво ке ги смениш за да се осигураш дека е до нив па после ке му кажеш на муштеријата а за да не се мачиш најди таму блиску до процесорот измери 1.2 В дали ги има ако ги има 100% ти е до NORTH BRIDGE чипот и треба да се направи reballing за да проработи Среќно
-
Ај види дали ,,мостовите" греат ?
Во право е Otpor. Извади ги ладилниците и допри ги northbridge и southbridge. Ако некој од нив грее до тој степен да не можеш да го држиш, отиден е chipset-от (кој и да е, без разлика дали е northbridge или southbridge). И нема спас на плочата.
Тие што се 3те лево се за исправување на 12в значи не се толку битни а другите се 4 волти за филтрирање/исправуње на напонот на процесорот VCORE што треба да е 1.2в така да прво ке ги смениш за да се осигураш дека е до нив па после ке му кажеш на муштеријата а за да не се мачиш најди таму блиску до процесорот измери 1.2 В дали ги има ако ги има 100% ти е до NORTH BRIDGE чипот и треба да се направи reballing за да проработи Среќно
Не мора да значи дека reballing или само reheating дека ќе помогне. MSI се познати по проблеми со northbridge, southbridge и електролити. Можно е некој електролит да „кикснал“, па да прегорел некој MOSFET, па тоа да довело до прегорување на northbridge или southbridge. Јас би му препорачал само reheating да проба (да ја „дувне“ плочата со SMD Rework Station ;)). Ако со тоа не проработи, како што пиша, нека ги провери електролитите на плочата и MOSFET-ите околу нив. Ако некој MOSFET е изгорен, нека го смени со адекватен (сличен, не мора ист) и да проба така. Ако пак не пали... тоа е тоа.
-
Такви МСИ имам поправено 500 и на сите е бил дефектот ладен лем на NORTHBRIDGE со REHEAT ја поправаш колку за 1 месец треба ребалинг за да работи долго ...
-
Не само со reheating, ќе додадеш и малку флукс со шприц по рабовите на чипот и не би требало да има проблем ;). Се разбира, ќе додадеш и едно кулерче за да го лади chipset-от ;).
-
Дур менуваш напојувања рамови итн ќе земиш матична нова. Ребалингот и не е башедноставен, треба прво топчиња да земиш, па флукс(не тој што е за олуци лемење) па фен или светлеќа лемилица па тогаш ребалинг. Види прашај го @тимелектроника дали се бави уште со ребалинг ако се занимава уште поарно договори се со него, или побарај некој друг...
-
Батка,ако е отидена матичната,бадијала ти е дување,варење,кување и пржење.Тоа е плоча стара 5 години минимум и нема долго да оди,Не троши време и пари,купи си плоча половна или евентуално нова ( доколку најдеш иста или заменска -адекватно).
-
Плочата ја нема во македонија никаде инаку добра е не е лоша , тие плочи се од школските компијутери они имаат такви мислам на тие со дуалкоре со хтенда х300 ,а оние другите со хтенда х550 со куадкоре имаат други плочи имам многу поправано во школото ;D :) ;)
-
му сменив рам и напојување и пак не функционираше плочата, му кажав на дечкото дека е зафркната и дека би можело да се проб да се оправи и рече дека ке донесел друга плоча...така да ке видиме што ке биде па ке бидете известени за крајниот резултат...